Многуперките или бихирите се фамилија на зракоперки кои личат на еволутивно најстарите коскени риби. Оваа фамилија е единствена во редот Polypteriformes
Сите видови се среќаваат во слатководни станишта во тропска Африка и реката Нил, главно во мочуришни и плитки преплавени рамнини и естуари.
Бихирите се издолжени риби со одделни серии на грбни перки (и до 15 на број), наместо со една грбна перка. Секоја од овие перки има остра боцка. Телото е прекриено со дебели, коскести и ганоидни лушпи. Градбата на нивните вилици е многу поблиска до онаа на четириношците отколку на телеостеите (вистински коскени риби). Бихирите поседуваат и други примитивни карактеристики, како меснати пекторални перки кои многу наликуваат на тие од резноперките.[1] Тие исто така имаат спиракули.
Бихирите имаат рудиментирани бели дробови, кои им дозволуваат да дишат кислород од воздухот кога се наоѓаат во слабо оксигенирани води[2], при што пливаат брзо до површината и повторно се враќаат на дното. Тие се ноктурни и се исхрануваат со мали ‘рбетници, ракчиња и инсекти.[1]
Телесната должина на бихирите достигнува 97 cm, иако многу видови можат да надминат и до 35 cm.
Бихирите се популарни во јавните и домашните аквариуми. Иако се предатори, тие се мирољубиви и релативно неактивни, и преферираат да лежат на дното, а се пријателски настроени кон риби кои се доволно големи и не можат да им бидат плен.
Постојат дванаесет рецентни видови сместени во два рода:[3]
Ред Polypteriformes
Изумрени видови се: