dcsimg

Полска треперка

добавил wikipedia emerging languages

Полската треперка (науч. Anthus campestris) е средно голема врапчевидна птица од фамилијата на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и во Индија.

Опис

Полската треперка е долга 16 см и има распон на крилјата од 25 до 28 см.[2] Незабележлива е на земја заради нејзините песочни бои, прошарани со малку потемни нијанси одоздора, а светла е одоздола. Слична е на ричардовата треперка (Anthus richardi), но е малку помала, со пократки крилја, опашка и нозе и има поправ темен клун. Летот ѝ е силен и директен придружен со карактеристичниот повик шип.[2]

Однесување

 src=
Anthus campestris

Живеалиштето на полската треперка се топлите, отворени предели, степи и полупустини. Се храни со инсекти, особено со бубачки, скакулци, мравки, гасеници. Нејзината песна е кратко повторување на гласното двосложно чи-ри чи-ри.[2]

Гнездото го прават на земја, скриено во вегетацијата со малку растителен материјал. Јајцата ги несат од средината на мај до почетокот на јуни, честопати имаат второ легло при крајот на јуни. Несат 3-6, обично 4-5 јајца. Периодот на инкубација е 12-13 дена кое го врши само женката. Пилињата го напуштаат гнездото по 12-15 дена, но целосно се оперјуваат и осамостојуваат по 28-30 дена.

Во културата

Дејствието на филмот „Полска треперка“ од 1944 година се фокусира на ретката случка на размножување на овие птици во Англија.[3] Ерик Хоскинг всушност снимал ливадски треперки наместо полски, бидејќи не можел да дојде до полските во окупираната Европа. [4]

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Anthus campestris. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. ISBN 0-19-854099-X.
  3. Moss, Stephen. „Brits and their birds“. BBC Wildlife Magazine. конс. 9 December 2010.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Полска треперка: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Полската треперка (науч. Anthus campestris) е средно голема врапчевидна птица од фамилијата на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и во Индија.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages