dcsimg

Црвеногушесто муварче

добавил wikipedia emerging languages

Црвеногушестото муварче (науч. Ficedula parva) е мала врапчевидна птица од фамилијата на муварчињата. Се размножува низ источна Европа и централна Азија и е птица преселница, која зимува во јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Азискиот вид Ficedula albicilla порано се сметал за подвид на црвеногушестото муварче, но неговиот црвен врат е опкружен со сиво и има поинаква песна.

 src=
Црвеногушесто муварче, зимување во Нагпур

Опис

Црвеногушестото муварче е долго 11-12 см, а мажјакот во сезоната на парење е претежно кафеав одозгора и бел одоздола, со сива глава и портокалов врат. Клунот му е црн и широк, со потенок врв што е типично за муварчињата, односно птиците кои ги ловат инсектите во лет. Основата на горниот дел од опашката е бела и често испрчена нагоре додека се перчат на некое прегледно место чекајќи го пленот. Мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата имаат кафеави глави и ја немаат портокаловата боја на грлото, но лесно се разликуваат од другите Ficedula муварчиња по големината (овие се помали) и по шарата на опашката која има црна обратно поставена Т буква, со бели рабови.

Однесување

Животната средина на овие птици се отворените шуми, особено близу до вода. Градат отворено гнездо во дупките на дрвјата и несат 4-7 јајца. Најчесто се хранат со инсекти кои ги ловат во лет, но и на земја. Освен со инсектите, овие птици се хранат и со гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и со бобинки. Зимно време тие се тивки, освен типичниот за муварчињата чип-чип-чр-ррр повик. Во сезоната на парење песната е мелодично свиркање.

Истражувањата спроведени во Полска од 1973 до 2002 година покажало дека мажјаците се враќаат порано од миграција, со зголемувањето на температурите.[2]

Наводи

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Црвеногушесто муварче: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Црвеногушестото муварче (науч. Ficedula parva) е мала врапчевидна птица од фамилијата на муварчињата. Се размножува низ источна Европа и централна Азија и е птица преселница, која зимува во јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Азискиот вид Ficedula albicilla порано се сметал за подвид на црвеногушестото муварче, но неговиот црвен врат е опкружен со сиво и има поинаква песна.

 src= Црвеногушесто муварче, зимување во Нагпур
лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages