dcsimg

Шафранска ѕвингалка

добавил wikipedia emerging languages

Шафранска ѕвингалка (науч. Sicalis flaveola) — птица од семејството на тангерите (Thraupidae) од Јужна Америка која често се среќава по отворените и полуотворените рамници вон Амазонската Низина. Има широка распространетост во Колумбија, северна Венецуела (каде се нарекува „тавански канаринец“), западен Еквадор, западно Перу, источен и јужен Бразил (каде се нарекува „домороден канаринец“), Боливија, Парагвај, Уругвај, северна Аргентина и Тринидад и Тобаго. Видот е доведен и на Хаваите, Порторико и други места. Иако најчесто се нарекува канаринец, не е во сродство со таа птица.

Мажјакот е светложолт, со портокалово теме, кое го одликува од останатите жолти ѕвингалки (освен џуџестата жолта ѕвингалка). Женката лесно се меша бидјеќи е само за нијанса побледа од мажјакот, но кај јужниот подвид S. f. pelzelni истата е маслиновокафеава, со впечатливи темни линии.

Птицата најчесто се гнезди во шуплини, во напуштени гнезда на црвениот печкар (Furnarius rufus), на бамбусови гранчиња и под куќни покриви. Не ѝ пречи човечкото присуство, и се јавува по населбите и посетува птицопои. Има пријатна, но повторлива песна и интересен изглед, па затоа се чува и како миленик. Мажјаците се полигамни (се парат со две женки) и се одликуваат со територијалност, поради што луѓето со нив приредуваат борби во кафез.[2][3]

Галерија

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Sicalis flaveola. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013. (англиски)
  2. Cf. José Felipe Monteiro Pereira, Aves e Pássaros comuns do Rio de Janeiro, Rio de Janeiro, Technical Books, 2008, , стр. 134
  3. Authorities crack down on finch-fighting rings“, USA Today, 9 март 2010 (посет. 26 април 2017 г).

Литература

  • Betsy Trent Thomas, "Conoce nuestras aves",

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Шафранска ѕвингалка: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Шафранска ѕвингалка (науч. Sicalis flaveola) — птица од семејството на тангерите (Thraupidae) од Јужна Америка која често се среќава по отворените и полуотворените рамници вон Амазонската Низина. Има широка распространетост во Колумбија, северна Венецуела (каде се нарекува „тавански канаринец“), западен Еквадор, западно Перу, источен и јужен Бразил (каде се нарекува „домороден канаринец“), Боливија, Парагвај, Уругвај, северна Аргентина и Тринидад и Тобаго. Видот е доведен и на Хаваите, Порторико и други места. Иако најчесто се нарекува канаринец, не е во сродство со таа птица.

Мажјакот е светложолт, со портокалово теме, кое го одликува од останатите жолти ѕвингалки (освен џуџестата жолта ѕвингалка). Женката лесно се меша бидјеќи е само за нијанса побледа од мажјакот, но кај јужниот подвид S. f. pelzelni истата е маслиновокафеава, со впечатливи темни линии.

Птицата најчесто се гнезди во шуплини, во напуштени гнезда на црвениот печкар (Furnarius rufus), на бамбусови гранчиња и под куќни покриви. Не ѝ пречи човечкото присуство, и се јавува по населбите и посетува птицопои. Има пријатна, но повторлива песна и интересен изглед, па затоа се чува и како миленик. Мажјаците се полигамни (се парат со две женки) и се одликуваат со територијалност, поради што луѓето со нив приредуваат борби во кафез.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages