Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја фамилија орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.
Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.
Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.
Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.
Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.
|accessdate=
(помош) Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја фамилија орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.