dcsimg

Зелки

добавил wikipedia emerging languages

Зелки или синапи (науч. Brassicaceae, syn. Cruciferae) — семејство со преку 330 родови и околу 3.700 видови (според податоците на Кралските ботанички градини во Кју). Името Brassicaceae е изведено од родот Brassica. Cruciferae е постаро име кое значи крстоцветни растенија, бидејќи четирите венечни ливчиња од цветот се распоредени во вид на крст. Меѓутоа, според МКБН, и двете имиња можат да се употребуваат.

Најголеми родови од ова семејство се Draba (365 видови), Cardamine (200 видови, но местото на овој род е нејасно), Erysimum (225 видови), Lepidium (230 видови) и Alyssum (195 видови).

Семејството ги содржи некои од добро познатите растенија, како Brassica oleracea (дива зелка), Brassica rapa (репка), Raphanus sativus (ротква), Cochlearia armoracia (рен), Brassica nigra (црн синап), Sinapis alba (бел синап), Arabidopsis thaliana (познат моделен организам во генетиката) и многу други. Зелкоцветните растенија се космополити, но сепак се концентрирани во северните умерени региони, а го достигнуваат своето максимално распространување по Средоземјето.

Систематика

Според системот APG, семејството е вклучено во редот Brassicales. Постарите системи (како оној на Артур Кронквист) ги сместувал во Capparales, ред кој повеќе не постои.

Поради производството на глукозинолатни соединенија (синапно масло), отсекогаш се претпоставувало дека постои блиска поврзаност помеѓу зелкоцветните растенија и растенијата од семејството Capparaceae. Скорешните истражувања на Hall et al. (2002) покажуваат дека Capparaceae се парафилетични во однос на Brassicaceae, при што родот Cleome и неколку негови сродници се поблиски со Brassicaceae отколку со другите родови од Capparaceae. Поради ова, во APG системот на класификација, овие две семејства се споени во една - Brassicaceae. Некои други автори го сместуваат родот Cleome во своја посебно семејство — Cleomaceae. Овде ќе биде опишана семејството на зелките sensu stricto, т.е. прифаќајќи дека Cleomaceae и Capparaceae се одделни семејства.

Brassicaceae s.l.

Capparaceae

Cleomaceae

Brassicaceae s.s.

Опис

семејството се состои од тревести растенија со годишни, двегодишни или повеќегодишни животни циклуси.

Листовите се последователни (ретко наспрамни), понекогаш организирани во базални розети. Тие се многу често перести по изглед и немаат прилисници.

Градбата на цветовите е многу униформна во целото семејство. Тие имаат четири слободни венечни ливчиња и четири канџести чашкини ливчиња. Може да се дисиметрични или малку зигоморфни, со крстовидно подредување. Присутни се шест прашници, од кои четири се подолги и се наредени крстовидно следејќи го венчето, додека другите се пократки (тетрадинамичен цвет). Плодникот е составен од два споени плодни листови, а устенцето е многу кратко, со два лобуса. Плодникот е натцветен. Цветовите образуваат ебрактеатни рацемозни соцветија. Цветната формула на ова семејство е: Dissymmetrisch.png K 4 C 4 A 2 + 4 G ( 2 ) _ {displaystyle K_{4};C_{4};A_{2+4};G_{underline {(2)}}} {displaystyle  K_{4};C_{4};A_{2+4};G_{underline {(2)}}}

Опрашувањето е по пат на ентомофилија, поради што и се создава нектар во основата на прашниците и се складира на чашката.

Плодот е вид на кутијка наречена силика. Тој се отвора со два капака, кои претставуваат изменети плодни листови, оставајќи го семето прикачено за плацентата и ткивото кое останало на местото каде се одделиле капаците (replum).

Поважни родови

 src=
Листови и цветови од карфиол.

Некои од поважните родови на Зелки на економски и хортикултурен план се:

Галерија

Поврзано

Наводи

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Зелки: Brief Summary