dcsimg

Крлежи

добавил wikipedia emerging languages

Крлежи ((науч. Acari) или Acarina) — таксон на пајаковидни членконоги кој ги содржи грините и вистинските крлежи. Крлежообразните се распространети насекаде, а најрани фосилни остатоци се забележани од раниот Девон, а веројатно и од Ордовик. Како резултат на ова, акаролозите (луѓе кои ги проучуваат крлежообразните) предложиле сложени правила за систематизирање на овие животинки. Во најсовремените класификации, Acarina се смета за поткласа во Arachnida и се состои од 2-3 надредови или редови: Acariformes (или Actinotrichida), Parasitiformes (или Anactinotrichida) и Opilioacariformes. Последниот таксон често се смета за подгрупа во Parasitiformes. Монофилијата на крлежите е предмет на расправа, а поврзаноста на акарините со другите пајаковидни членконоги не е многу јасна. Во постарите систематики, на подгрупите од Acarina им се давал ранг на ред.

Повеќето акарини се многу ситни (на пример, од 0.08 до 1.0 mm), но поголемите (некои вистински крлежи и кадифени крлежи) можат да достигнат должини од 10–20 mm. Се проценува дека се опишани повеќе од 50.000 видови (до 1999) и дека моментално постојат уште милион (и повеќе) видови кои треба да се опишат. Науката која ги проучува крлежообразните се нарекува акарологија.

Опис

Телото на другите пајаковидни членконоги е поделено на два телесни региони (тагми): прозом (или цефалоторакс, кој ги опфаќа главата и градниот дел) и опистозом (абдомен, кој го опфаќа стомачниот дел). Ова не е случај кај крлежообразните, кај кои телото е поделено на капитулум (или гнатозом) и идиозом (кој се среќава единствено кај овие животни).

Капитулумот или гнатозомот е образуван со незабележливото спојување на прозомот и опистозомот. Според некои истражувачи, овој телесен регион се среќава и кај рицинулеите. Усниот апарат е дел од овој регион и се состои од 2-3 сегментни хелицери и 1-5 сегментни педипалпи. Тој може да биде приспособен за гризење, прободување, сечење или цицање. Како сетила за вид служат 1 до 2 средишни и 1 до 2 странични очели, но многу видови на грини се слепи. Антени отсуствуваат.

Идиозомот ги носи нозете. Возрасните единки најчесто имаат по четири пара, но некои помалку — ларвовидниот Phyllocoptes variabilis поседува само два пара нозе, а некои паразитски грини имаат само еден до три пара. Ларвените и предларвените единки обично имаат по 3 пара нозе.

Систематика

  • Acariformes се најраспространетата група на крлежи.
    • Trombidiformes - Крлежи паразити на растенијата, крлежи што паразитираат во коренот на влакното, кадифени крлежи, водни крлежи итн.
    • Sarcoptiformes - орибатидни, ендеостигматски и астигматски крлежи.
      • Endeostigmata - базални саркоптиформни видови.
      • Oribatida - орибатидни крлежи, бубачкини крлежи, наоружани крлежи (криптостигмати).
      • Astigmata - Крлежи кои паразитираат на крзно, пердуви; крлежи од прашина, човечки крлежи.
  • Parasitiformes
    • Mesostigmata - птичји крлежи, фитозелидни крлежи.
    • Ixodida - тврди и меки крлежи.
    • Holothyrida - холотирани.
  • Opilioacariformes се мал ред или подред на паразитски крлежи кои морфолошки многу личат на сенокосците (редот Opiliones од Arachnida).
Застарени имиња:

Галерија

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Крлежи: Brief Summary