Стоболките (науч. Spermophilus) се род на наземни животни од фамилијата Верверици (Sciuridae). Постојат вкупно 40 видови и највеќето од нив влегуваат во овој род. Меѓутоа Spermophilus во поширока смисла е парафилетичен на прериски кучиња, мрмоти и антилопски верверици кои се од поинакво потекло. Затоа стоболките се рапсределени во неколку рода. Научното име Spermophilus значи „љубител на семиња“.
Стоболките имаат вошки кои им пренесуваат заразни болести на луѓето и знаат да поткопаат темели кога прават подземни тунели близу до куќи и други објекти. Иако се способни за искачување, највеќето видови живеат на отворени голи предели без дрва.[1]
Во 2007 е направена филогенетска анализа на стоболките, користејќи го митохондрискиот ген цитохром b. Согласно наодите, Spermophilus е поделен на осум рода, со тоа што прериските кучиња, мрмотите и антилопските верверици се наведени како наброени кладови. Точните врски помеѓу овие кладови не се сосем разјаснети. Помеѓу овие, единаесетте исклучиво палеарктички видови остануваат составен дел од Spermophilus sensu stricto („во најтесен смисол“).
Стоболките (науч. Spermophilus) се род на наземни животни од фамилијата Верверици (Sciuridae). Постојат вкупно 40 видови и највеќето од нив влегуваат во овој род. Меѓутоа Spermophilus во поширока смисла е парафилетичен на прериски кучиња, мрмоти и антилопски верверици кои се од поинакво потекло. Затоа стоболките се рапсределени во неколку рода. Научното име Spermophilus значи „љубител на семиња“.
Стоболките имаат вошки кои им пренесуваат заразни болести на луѓето и знаат да поткопаат темели кога прават подземни тунели близу до куќи и други објекти. Иако се способни за искачување, највеќето видови живеат на отворени голи предели без дрва.