dcsimg

Lifespan, longevity, and ageing

добавил AnAge articles
Maximum longevity: 6.7 years (captivity)
лиценца
cc-by-3.0
авторски права
Joao Pedro de Magalhaes
уредник
de Magalhaes, J. P.
соработничко мреж. место
AnAge articles

Стоболка

добавил wikipedia emerging languages

Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот Стоболки (Spermophilus) во Европа.

Опис

Стоболката расте до должина од 20 см и тежи помеѓу 200 и 400 грама. Таа е дневно животно и живее во колонии од поединечни дувла на пасишта и тревнати косини. Денски излегува за да храни, и тоа претежно со семиња, фиданки, корења и наземни без'рбетници. Секоја колонија има стоболка што чува стража и им дава звучен сигнал на останатите кога наодаѓа некоја опасност.

Стоболката спие зимски сон помеѓу есента и месец март, зависно од климата. За презимувањето се подготвува со таложење на кафеава маст во подоцнежниот дел на летото.

Во раниот дел од летото стоболката раѓа 5-8 младенчиња.

 src=
Стоболка на марка на Македонски пошти по повод 50 години од основањето на Светскиот фонд за дива природа (WWF) (ФДЦ 19б/2011)

Распределба

Стоболката е присутна ширум источна европа, од јужна Украина до Мала Азија, Австрија, Чешка, Романија, Бугарија, Република Македонија, Егејска Македонија и на север до Полска.

Во Република Македонија

Во Република Македонија е застапен подвидот македонска стоболка (Spermophillus citellus karamani) која е строго заштитена со целосна забрана за лов.[2] Препариран примерок на стоболка е изложен во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[3] Се смета дека името го добила поради нејзините разновидни лековити својства во народната медицина (фиг. дека лечи „сто болести“).

Наводи

  1. Короиу, К., Криштуфек, Б., Вохралик, В. и Загородњик, И. (2008). Стоболка (Spermophilus citellus). Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 8 јануари 2009. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)
  2. Ловостој - Член 12“, „Закон за ловство на РМ“, Службен весник на РМ, 2009 (посет. 8 јануари 2012 г).
  3. Постојани изложби - Цицачи - Природонаучен музеј на Македонија
лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Стоболка: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот Стоболки (Spermophilus) во Европа.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages