dcsimg

Сомови ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Сомови (науч. Siluridae) — семејство риби од родот на сомовидните (Siluriformes). Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.

Изглед

Сомовите, обично се долги од 1.3-1.6 м и тешки 15-20 кг, иако во минатото биле ловени и многу поголеми примероци. Најчесто живеат при дното на големи, бавни реки и во езера. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата. Околу устата имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната. Кожата им е мазна и не заштитена со крлушки, а препознатливи се и по малата и мошне долга подопашна перка. Видот им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.

Исхрана

Сомовите се воглавно грабливци меѓутоа можат да се хранат и со многу други работи како што е исхрана со органски отпадоци или пак разни паразитски врсти (кои ја цицаат крвта на други риби). Активни се ноќе кога се хранат со риби, ракови, но и со помали водни птици и цицачи.

Размножување

Мажјаците на сомот ги чуваат младите кои женката ги полага во слузава, леплива обвивка. Сомот е една од рибите кои рибарите со задоволство ги ловат, а често се приготвува како јадење.

Значајни и необични видови

  • Европски сом (Silurus glanis) достигнува должина од 4 до 5 метри и тежина од 400 kg па со тоа претставува и најголема слатководна риба во Европа. Не само по големината, оваа врста е позната и по должината на животот, кој може да достигне старост и повеќе од 100 години. Во четвртата година од животот достигнува полна зрелост. Има три пара на израстоци околу устата (бркови) од кои едниот пар е на горната вилица, многу поголем од другите. Се мрестат во парови и се грижат за своите потомци. Сомот ги населува реките и мирните води како што се езерата во централна и источна Европа како и западна и југозападна Азија. За свое место на живеење го избира мекото, мрачно дно и се врзува за него, така што многу ретко го напушта на подолг период.
  • Малечок сом или американски сом (Amiurus nebulosus) претците му се од Северна Америка и , како што кажува и неговото име, има многу помали димензии од својот род, европскиот сом. Може да достигне должина од 0,5 метри и тежина од околу 0,5 кг.
licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија

Сомови: Brief Summary ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Сомови (науч. Siluridae) — семејство риби од родот на сомовидните (Siluriformes). Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.

licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија