dcsimg

Жолтозелени алги ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Жолтозелените алги или ксантофити (науч. Xanthophyceae) се важна група на разнокамшични алги. Највеќето живеат во слатка вода, но некои се среќаваат и во морски и почвени живеалишта. Можат да бидат од едноклеточни камшикари до прости колонијални и кончести облици. Нивните хлоропласти ги содржат фотосинтетичките пигменти хлорофил а, хлорофил ц, β-каротен и каротеноидот дијадиноксантин.[1] За разлика од останатите разнокамшични организми, хлоропластите на жолтозелените алги не содржат фукоксантин, поради што се посветли по боја. Полисахаридот што го складираат е хризоламинарин.[1] Клеточните ѕидови им се создаваат од целулоза и хемицелулоза.[1] Се смета дека се во најблиско сродство со кафеавите алги.

Редови

Жолтозелените алги можат да се поделат на следниве 4 реда:

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Stace, Clive A.. Plant Taxonomy and Biosystematics. Cambridge University Press, 1991.. ISBN 978-0-521-42785-2.
  2. Christensen, T. 1987. Seaweeds of the British Isles. Voilume 4 Tribophyceae (Xanthophyceae). British Museum (Natural History), London ISBN 0-565-00980-X

Поврзано

licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија

Жолтозелени алги: Brief Summary ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Жолтозелените алги или ксантофити (науч. Xanthophyceae) се важна група на разнокамшични алги. Највеќето живеат во слатка вода, но некои се среќаваат и во морски и почвени живеалишта. Можат да бидат од едноклеточни камшикари до прости колонијални и кончести облици. Нивните хлоропласти ги содржат фотосинтетичките пигменти хлорофил а, хлорофил ц, β-каротен и каротеноидот дијадиноксантин. За разлика од останатите разнокамшични организми, хлоропластите на жолтозелените алги не содржат фукоксантин, поради што се посветли по боја. Полисахаридот што го складираат е хризоламинарин. Клеточните ѕидови им се создаваат од целулоза и хемицелулоза. Се смета дека се во најблиско сродство со кафеавите алги.

licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија