Птичје млеко (лат. Ornithogalum) — единствениот род од племето Ornithogaloideae од подфамилијата Scilloideae. Ботаничкото име на ова племе е изведено од грчките зборови ornis што значи птица и gala што означува млеко. Распространетп во Европа, Западна Азија и Африка.
Ова се многугодишни тревести растенија. Тие се отровни (содржат карденолиди од типот на конвалатоксин и конвалозид). [1]Овие геофити образуваат луковици. Неколкуте базални листови се едноставни, тревести и меснати. Лисните рабови можат да бидат мазни или влакнести.
Две или повеќе цветови се наоѓаат заедно во вид на гроздести соцветија. Во соцветијата се среќаваат мали мембранозни прицветни листови (брактеи). Цветовите се хермафродитни и радијално симетрични. Постојат шест прашници и три споени плодни листови кои образуваат шестделен плодник. Столпчето е кратко со едно- или триделна стигма. Во капсулестите плодови созреваат сферични или јајцевидни семиња.
Родот се состои од околу 200 видови (34 во Европа).