Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј (науч. Cercocebus torquatus) — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae).[2] Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.[3]
Телото на овој мајмун е прекриено со сиво крзно, но има карактеристична црвена боја на главата во облик на капа и бел врат.[4].[4] Има црни уши и упадливи бели очни капаци, поради што се нарекува и „четириок мајмун“.[4] Опашката му е темносива и подолга од телото, и често ја држи со белиот врв над главата.[4] Има долги катници и многу големи секачи.[5] Во заробеништво, мажјаците тежат просечно 9-10 кг, а женките 7,5-8,6 кг.[5] Без опашката, мажјаците се долги 47–67 см, а женките 45–60 см.[4]
Црвенокапиот мангабеј се среќава во шуми сместени во крајбрежни појаси, мочуришта, мангрови и долини, од западна Нигерија, на исток и запад во Камерун, како и ширум Екваторска Гвинеја, Габон и по атлантскиот брег на габонско-конгоанската граница.[1][4]
Овие мајмуни живеат во големи групи од по 10 до 35 единки, вклучувајќи неколку мажјаци.[4][6] Општат со кресоци и лаење, што служи за одржување контакт со ќленовите нха групата и означување на нејзината местоположба во однос на други групи.[4] Се храснат со плодови и семиња, но јадат ио листови, зеленило, цветови, без’рбетници, печурки, измет и смола.[5][6] Немаарт определена сезона на парење, а половата зрелост ја достигнуваат на возраст од 5 до 7 години. Во росек, бременоста трае 170 дена.[6]
Црвенокапиот мангабеј се води како ранлив вид во црвениот список на МСЗП поради губитокот на живеалиштето и ловењето за месо.[1] Наведен е и во Прилог II од CITES и во класата Б на Африканската спогодба за заштита на природата и природните ресурси.[1]
|accessdate=
(помош) Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј (науч. Cercocebus torquatus) — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.