Африканско диво куче (Lycaon pictus) познато и како Африканско ловечко куче, Африканско насликано куче, или насликан волк, е куче што живее во Супсахарска Африкаa. Најголемо е од семејството кучиња во Африка, и единствено од видот Lycaon. Моменталната популација се проценува на околу 6.600 возрасни единки.[2]
Африканското диво куче е друштвено животно кое живее во групи.[3][4][5] Ловат антилопи, кои ги фаќаат откако ќе ги изнемоштат со бркање. Има неколку природни непријатели, меѓу кои лавовите и пегавата хиена.
Вообичаена должина на телото е 76-112 см, а тежина од 17-36 кг.
Жител на саваните,овој вид е активен преку денот и лови во глутници од 6 до 20 единки, кои организирано го гонат пленот. Неколку кучиња го гонат пленот, а другите трчаат напред. Ловат копитари, па и дури и домашни животни. Но, нивна основна храна се малите цицачи, птици и гуштери. Во глутницата има строга поделеност и на чело е најсилниот мажјак, кому му се потчинети сите други членови. Најдобриот пријател на овој водач може да биде негов заменик. Женката е бремена 63 дена, по кои раѓа 5 до 7 малечки. Потчинетите женки ретко раѓаат, а кога имаат свое потомство доминантната женка обично ги растргнува и ги убива.
Африканско диво куче (Lycaon pictus) познато и како Африканско ловечко куче, Африканско насликано куче, или насликан волк, е куче што живее во Супсахарска Африкаa. Најголемо е од семејството кучиња во Африка, и единствено од видот Lycaon. Моменталната популација се проценува на околу 6.600 возрасни единки.
Африканското диво куче е друштвено животно кое живее во групи. Ловат антилопи, кои ги фаќаат откако ќе ги изнемоштат со бркање. Има неколку природни непријатели, меѓу кои лавовите и пегавата хиена.
Вообичаена должина на телото е 76-112 см, а тежина од 17-36 кг.