Грбавечки различник (науч. Centaurea grbavacensis) — ендемит во флората на Македонија од фамилијата сложеноцветни растенија.[1] Се развива на варовничка геолошка подлога и се наоѓа во околината на Кавадарци – с. Грбавец, Козјак, Плетвар, Сивец, Барбарас, Мариово, клисура на р. Треска (Порече) и др. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants).[2] Грбавечкиот различник се наоѓа на македонска поштенска марка од 2008 година.[3]
Грбавечки различник (науч. Centaurea grbavacensis) — ендемит во флората на Македонија од фамилијата сложеноцветни растенија. Се развива на варовничка геолошка подлога и се наоѓа во околината на Кавадарци – с. Грбавец, Козјак, Плетвар, Сивец, Барбарас, Мариово, клисура на р. Треска (Порече) и др. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants). Грбавечкиот различник се наоѓа на македонска поштенска марка од 2008 година.
Македонска поштенска маркичка од 2008 со приказ на Грбавечкиот различник