Жолтиките (науч. Berberidaceae) се фамилија од 15 рода цветни растенија во рамките на редот Лутиковидни (Ranunculales). Фамилијата опфаќа околу 570 видови, од кои највеќето (450) се од родот жолтика (Berberis). Растенијата можат да бидат дрва, грмушки или повеќегодишни билки.
Махонијата (Mahonia) е во многу блиско сродство со жолтиката, па затоа некои ботаничари ја ставаат во тој род. Видовите од овие два рода можат да се вкрстуваат, а добиените растенија се класификуваат во хибридниот род × Mahoberberis.