dcsimg

Харинговидни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Харинговидните риби се зракоперки кои припаѓаат на единствениот ред Clupeiformes во рамките на надредот Clupeomorpha. Едни од најпознатите претставници од овој ред се харингите (од фамилијата Clupeidae) и сардините (од Engraulidae). Оваа група ги вклучува во себе едни од најважните риби кои се користат во исхраната.

Повеќето се морски видови, но има проодни и слатководни. Најчесто се среќаваат во северната полутопка. Најголемо видово разнообразие има во западните делови на Тихиот Океан и во Индискиот Океан.

Харинговидните риби се фисостоми , што значи дека нивниот рибен меур поседува пневматски канал преку кој се поврзува со цревото. Обично кај нив отсуствува страничната линија, но пак затоа имаат карактеристични очи, перки и крлушки. По боја најчесто се сребренести со вретеновидни тела и обично живеат во големи јата. Поголемиот дел од видовите се исхрануваат со планктон, што го филтрираат со посебни коскени структури од жабрениот апарат.[1]

Систематика

Овој ред содржи околу 300 вида распоредени во шест фамилии:[2]

Ред Clupeiformes

Наводи

  1. Nelson, Gareth (1998). Paxton, J.R. & Eschmeyer, W.N.. уред. Encyclopedia of Fishes. San Diego: Academic Press. стр. 91-95. ISBN 0-12-547665-5.
  2. Предлошка:FishBase order
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Харинговидни: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Харинговидните риби се зракоперки кои припаѓаат на единствениот ред Clupeiformes во рамките на надредот Clupeomorpha. Едни од најпознатите претставници од овој ред се харингите (од фамилијата Clupeidae) и сардините (од Engraulidae). Оваа група ги вклучува во себе едни од најважните риби кои се користат во исхраната.

Повеќето се морски видови, но има проодни и слатководни. Најчесто се среќаваат во северната полутопка. Најголемо видово разнообразие има во западните делови на Тихиот Океан и во Индискиот Океан.

Харинговидните риби се фисостоми , што значи дека нивниот рибен меур поседува пневматски канал преку кој се поврзува со цревото. Обично кај нив отсуствува страничната линија, но пак затоа имаат карактеристични очи, перки и крлушки. По боја најчесто се сребренести со вретеновидни тела и обично живеат во големи јата. Поголемиот дел од видовите се исхрануваат со планктон, што го филтрираат со посебни коскени структури од жабрениот апарат.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија