dcsimg
Image of Mountain Pine
Creatures » » Plants » » Gymnosperms » » Pines »

Mountain Pine

Pinus mugo Turra

Кривул ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кривул (науч. Pinus mugo Turra - познат и како планински бор или кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа[1]. Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра[1]. Според изгледот кривулот е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот[1]. Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот[1].

 src=
Борот кривул

На падините под врвот Солунска Глава добро е претставена посевна вегетација која ја изградува борот кривул[2]. Оваа своевидна вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.500 и 2.500 м.н.в., во потесна смисла од 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени[2]. Борот кривул ја сочинува горната граница[2] на шумите на овој и другите планински масиви.

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Андоноски, Александар. (2009). „Бор“. Македонска енциклопедија 1: 192. Скопје: МАНУ.
  2. 2,0 2,1 2,2 Дренковски, Раде (1999) (на македонски). Растителниот свет и шумите на планинскиот масив Јакупица - вредности и значење. Планинскиот масив Јакупица - истражување и вреднување на природното богатство. Скопје: НИП „Студентски збор“. стр. 125.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Кривул: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кривул (науч. Pinus mugo Turra - познат и како планински бор или кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа. Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра. Според изгледот кривулот е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот. Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот.

 src= Борот кривул

На падините под врвот Солунска Глава добро е претставена посевна вегетација која ја изградува борот кривул. Оваа своевидна вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.500 и 2.500 м.н.в., во потесна смисла од 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени. Борот кривул ја сочинува горната граница на шумите на овој и другите планински масиви.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија