dcsimg

Дуглазија

добавил wikipedia emerging languages
 src=
Pseudotsuga menziesii
 src=
Pseudotsuga menziesii

Дуглазија (науч. Pseudotsuga) — род на зимзелени дрва од фамилијата борови (Pinaceae). Други познати имиња се „Дугласово дрво“, „Дугласова елка“ и „орегонски бор“. Долго време се дебатирало околу бројот на видовите, но веќе се признаени два во западниот дел од Северна Америка и два до четири во источна Азија.

Вообичаеното име дугласова елка е во чест на Дејвид Даглас (ирски: Дуглас), шкотски ботаничар кој за првпат го воведе P. menziesii во 1827 год., во Скунскиот дворец во Шкотска. Дугласовите елки не се вистински елки и не припаѓаат на родот ела (Abies). Повеќето речници не ја препознаваат оваа разлика, со исклучок на Меријам Вебстер

Досега најпознат е широко распространетиот северноамерикански вид на истонаречената дуглазија (Pseudotsuga menziesii). Тоа е многу високо (до 100 м) и брзорастечко иглолисно дрво од тихоокеанските подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. Шишарките се провиснати, кафеави со покривни лушпи подолги од плодните. Тоа е вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзиното приспособување во Македонија се многу охрабрувачки.[1]

Поврзано

Наводи

  1. “. Македонска енциклопедија , книга : стр. 497. (2009). Скопје: МАНУ.
лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Дуглазија: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages
 src= Pseudotsuga menziesii  src= Pseudotsuga menziesii

Дуглазија (науч. Pseudotsuga) — род на зимзелени дрва од фамилијата борови (Pinaceae). Други познати имиња се „Дугласово дрво“, „Дугласова елка“ и „орегонски бор“. Долго време се дебатирало околу бројот на видовите, но веќе се признаени два во западниот дел од Северна Америка и два до четири во источна Азија.

Вообичаеното име дугласова елка е во чест на Дејвид Даглас (ирски: Дуглас), шкотски ботаничар кој за првпат го воведе P. menziesii во 1827 год., во Скунскиот дворец во Шкотска. Дугласовите елки не се вистински елки и не припаѓаат на родот ела (Abies). Повеќето речници не ја препознаваат оваа разлика, со исклучок на Меријам Вебстер

Досега најпознат е широко распространетиот северноамерикански вид на истонаречената дуглазија (Pseudotsuga menziesii). Тоа е многу високо (до 100 м) и брзорастечко иглолисно дрво од тихоокеанските подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. Шишарките се провиснати, кафеави со покривни лушпи подолги од плодните. Тоа е вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзиното приспособување во Македонија се многу охрабрувачки.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages