Големата пиштарка (науч. Tachymarptis melba, syn. Apus melba) е птица од фамилијата пиштарки (Apodidae). Надворешно е многу слична на селската или градската ластовичка, но всушност е сосема неповрзана со овие врапчевидни (Passeriformes) видови, зашто пиштарките се во редот на Apodiformes. Сличноста се должи на блискиот стил на живеење. Големата пиштарка ја има во Македонија.
Големата пиштарка е распространета низ планините на јужна Европа до Хималаите. Како и малата пиштарка, тие се птици преселници кои зимуваат далеку на југ, во јужна Африка. За време на преселбите широко талкаат и се задржуваат во голем дел на јужна Европа и Азија. Видот, се чини, дека бил многу повеќе распространет за време на последното ледено доба, со голема колонија во Комарова пештерата во Полска, пред околу 40.000-20.000 години (Tomek & Bocheński 2005). Дубровник е познат по големите јата на големата пиштарка кои гнездат во старите градски ѕидини.
Големата пиштарка лесно се разликува од малата, прво по големината, но и по белиот стомак и грло. Големата пиштарка е речиси двапати поголема од сите останати пиштарки. Долга е 20-23 см, со распон на крилјата од околу 57 см и тежина од 100 грама.[2] По боја, оваа птица е речиси цела темно кафеава, со бели дамки под клунот и на градите кои се обрабени со темно кафеава линија. Младите птици се слични со возрасните, но перјето им е побледо. [3] За споредба, малата пиштарка има распон на крилата од околу 42 см, темната линија околу вратот го одвојува белото грло од белиот стомак. Тие имаат кратка чаталеста опашка и многу долги закосени наназад крилја кои личат на полумесечина или бумеранг. Летот им е побавен и помоќен од оној на нивните помали роднини. Големата пиштарка има многу мали нозе кои ѝ користат само за да се закачи за вертикалната површина. Научното име ѝ произлегува од грчкото απους (apous), што значи „без нозе“. Тие никогаш не се доброволно на земја.
Големата пиштарка го гради своето гнездо на карпи, или во урбаните средини, на места недостапни за грабливки, како што се покривите или под мостовите. Гнездат во колонии и лежат 2-3 јајца. Секоја година се враќаат на истото место, поправајќи го истото гнездо. Паровите остануваат заедно цел живот. Младенчињата во гнездото можат да ја намалат својата телесна температура, ако е потребно, кога времето е лошо, и на тој начин да се заштитат додека нивните родители не ја обезбедат потребната храна.
Големите пиштарки најголемиот дел од живото го поминуваат во воздух, хранејќи се со инсектите кои ќе ги фати во лет. Пијат, исто така, во лет.
Огласувањето на пиштарката е продолжено чрчорење.
|accessdate=
(помош) (англиски) Големата пиштарка (науч. Tachymarptis melba, syn. Apus melba) е птица од фамилијата пиштарки (Apodidae). Надворешно е многу слична на селската или градската ластовичка, но всушност е сосема неповрзана со овие врапчевидни (Passeriformes) видови, зашто пиштарките се во редот на Apodiformes. Сличноста се должи на блискиот стил на живеење. Големата пиштарка ја има во Македонија.