Жолтоклуниот буравесник (Calonectris diomedea) (Кориевиот буравесник) или попознат во Макеоднија како Голем завој спаѓа во фамилијата на морските птици - цевконосни.
Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.
Жолтоклуниот буравесник (предвесник на бура) се идентификува по неговата големина. Тој е долг од 45 до 56 cm и има распон на крилјата од 112 до 126 cm. Во горниот дел од телото е кафеаво-сив, a долните делови му се бели. Има жолтеникав клун. Ги нема кафеавите дамки на стомакот, темните ознаки на рамењата и црната капа како големиот буравесник. Овие птици летаат со долги замавнувања, секогаш со крилата наведнати и искосени наназад, и имаат прав крилест лет сличен на големиот буравесник.
Овој вид се пари на острови и карпи на Медитеранот, а поретко и на атлантскиот брег на Пиринејскиот Полуостров. Се гнезди на отворена земја или помеѓу карпите, а поретко и во дупка. Снесуваат едно бело јајце. Гнездото го посетуваат само ноќе, за да ја намалат опасноста од грабливите големи морски галеби.
Во доцното лето и есента повеќето птици се преселници, и одат во југо-западните крајбрежја на Англија и Ирска. Се враќаат на Медитеранот во Февруари. Најголемата колонија е лоцирана на Дивјачките Острови и Мадеира.
Жолтоклуниот буравесник се храни со риби, мекотели и остатоци што се наоѓаат во морето, и може да се нурне длабоко до 15 метри, па и повеќе, во потрага по плен. Птиците често следат рибарски чамци и прават бука расправајќи се меѓу себе. Тие се птици што живеат во големи колонии, и може да се видат од брод во многу голем број. Фериботите на заливот Бискеј се особено добри за овој вид. Преку ден, на отворено море, тие се тивки птици, но ноќе, колониите кои се парат испуштаат бучни повици.
Постојат два подвида: Медитерантскиот (C. d. Diomedea) и Атлантскиот (C. d. Borealis) буравесник. Тие се слични во изгледот, иако Атлантскиот е малку поголем и има поцврст клун. Тие најдобро се разликуваат по ознаката под крилото. Тие се прилично различни, па затоа некои ги сметаат за различен вид (Heidrich et al. 1998). Од тие причини C.d. Diomedia е преименуван во Скополиев буравесник. Англискиот назив на птицата „Кориев“ буравесник потекнува од американскиот орнитолог Чарлс Б. Кори.
Буравесникот од Зелен ’Рт C. edwardsii се сметал за подвид на жолтоклуниот буравесник, но подоцна бил одвоен како посебен вид (Snow & Perrins 1998). Тој е ендемичен вид на островите Зелен ’Рт. Целиот е црн, тенок стомак, има потемна глава и е повисок од жолтоклуниот. Тој има потипичен лет на буравесник, отколку жолтоклуниот, со поцврст замав и побрзо мафтање на крилјата.
Група жолтоклуни буравесници на Мадеира
Жолтоклуниот буравесник (Calonectris diomedea) (Кориевиот буравесник) или попознат во Макеоднија како Голем завој спаѓа во фамилијата на морските птици - цевконосни.
Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.