Малкудамчестиот синец (Polyommatus damon) е пеперуга од семејството на пепепруги синци, од видов синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Подвидови на пеперугата се:[1]
Пеперугата може да се најде во Јужна и Централна Европа, па сè до Монголија и Алтај.[1] Планинските видови населуваат суви грмушести предели, или отворени ливади до 2100 метри надморска висина.[2][3][4]
Распонот на крилјата е од 20 до 34 мм.[2] Овие пеперуги имаат полов диморфизам.
Мажјакот е голем, има синкасто-зелена нијанса со црна бордура. Долениот дел е светлокафен, без окели. Има бело обележје. Женките се темнокафени, каде на горната страна има траги од црвенкасти дамки. [2][3][5]Пеперугата ја има во Централна и Јужна Европа, Централна Азија па до Тијан-Шан. Возрасните едики летаат во јули и август.[6]
Возрасните единки летаат од јуни до август. Ларвите се хранат со растенијата Onobrychis и Medicago falcata.[1]
Малкудамчестиот синец (Polyommatus damon) е пеперуга од семејството на пепепруги синци, од видов синци. Пеперугата ја има и во Македонија.