Елата (науч. Abies) — род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од семејство на боровите (Pinaceae). Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродмп дрво на елата е кедарот (Cedrus).
Сите автохтони видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на семејството на боровите по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката. Шишарките се плодови на елите.
[[Податотека:Red fir.jpg|мини|десно|Величенствена ела (Abies magnifica) во Калифорнија, САД
Дрвото на елата не е погодно за општа дрвена граѓа, но се користи смелено при изработката на иверка и груба граѓа. Бидејќи целиот род нема никаква отпорност на инсекти и гниење по сечата, се препорачува само за внатрешна столарија (на пр. костури за тули на ѕидови). Дрвото што ќе се остави изложено надвор не трае повеќе од 12 до 18 месеци, зависно од видот и климата.
Елата е најзастапена како новогодишна елка кој е празничен симбол за доаѓањето на новата година во земји како Република Македонија, и за Божиќ во католичките и протестантските земји. За оваа цел во Македонија најчесто се користи сребрената ела, а во другите земји и кавкаската, благородната, Фрејзеровата и балсамската ела. Разни дрвја од родот служат и за украс во градинарството. Вакви се корејската и Фрејзеровата ела, што даваат светло обоени шишарки дури и додека се мали (1–2 м). Другите ели растат од 10 до 80 м во височина.
Денот 18 јуни е прогласен за „Ден на елката“.
Растенијата од овој род се храна за гасеници на некои видови пеперутки и молци.
Елката се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како: