Pediococcus е род на Грам-позитивни бактерии на млечно-киселинското вриење кој припаѓа на фамилијата Lactobacillaceae. Тие вообичаено се јавуваат во парови или тетради, и се делат долж две рамнини на симетрија, слично како и други бактерии на млечно-киселинско вриење, на пример родовите Aerococcus и Tetragenococcus. Припадниците на овој род се исклучиво хомоферментативни. Видот Pediococcus dextrinicus неодамна беше прераспределен во родот Lactobacillus.[1]
Претставниците на родот Pediococcus, заедно со другите бактерии на млечно-киселинското вриење (Leuconostoc и Lactobacillus) се одговорни за ферментацијата на зелка, во производството на кисела зелка. Во текот на овој процес, шеќерите во свежата зелка се метаболизираат до ниво на млечна киселина, која е одговорна за киселиот вкус. Бактериите на родот Pediococcus обично се сметаат како загадувачи на пивата и вината, иако нивното присуство понекогаш е пожелно во некои врсти на пива како што се ламбик и Berliner Weiße. Одредени изолати на Pediococcus произведуваат диацетил, соединение кое дава путераста арома на некои вина (како што е Шардоне) и на неколку врсти на пива. Овие бактерии исто така се користат и како пробиотици, а често се додаваат како корисни микроорганизми во производството на колбаси, сирење и јогурт.
Pediococcus е род на Грам-позитивни бактерии на млечно-киселинското вриење кој припаѓа на фамилијата Lactobacillaceae. Тие вообичаено се јавуваат во парови или тетради, и се делат долж две рамнини на симетрија, слично како и други бактерии на млечно-киселинско вриење, на пример родовите Aerococcus и Tetragenococcus. Припадниците на овој род се исклучиво хомоферментативни. Видот Pediococcus dextrinicus неодамна беше прераспределен во родот Lactobacillus.