Орхидеите (науч. Orchidaceae) се најголемата фамилија на цветни растенија.[1][2] Нејзиното име е изведено од родот Orchis.
Кралските ботанички градини од Кју наведуваат 880 родови и близу 22.000 опишани видови, но точната бројка не е позната (можеби таа изнесува и до 25.000)[3] како резултат на големи таксономски несогласувања. Бројот на орхидејни видови го надминува за четири пати бројот на видови на цицачи, или за два пати бројот на птици. Исто така, оваа фамилија сочинува околу 6-11% од сите семени растенија.[4] Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година. Најголеми родови од фамилијата на орхидеите се Bulbophyllum (2,000 вида), Epidendrum (1,500 вида), Dendrobium (1,400 вида) и Pleurothallis (1,000 вида). Оваа фамилија исто така го вклучува и родот Vanilla (родот на растението Vanilla planifolia од кое се добива ванила), Orchis и многу други култивирани растенија, како што се Phalaenopsis или Cattleya.
Дополнително, со вметнувањето (интродукцијата) на тропските видови во 19 век, хортикултуристите произведоа повеќе од 100.000 хибридни видови и култивари.
Орхидеите имаат космополитско распространување, се среќаваат во речиси секое станиште, освен пустините и глечерите. Најголем дел се наоѓаат во тропските предели, најмногу Азија, Јужна Америка и Средна Америка. Тие се распространети и над Арктичкиот Круг, во јужна Патагонија и дури и на островот МекКварки, кој е расположем близу до Антарктикот.
Следната листа дава груб преглед на нивното распространување:
Фамилијата е целосно призната, и APG II системот од 2003 година ја сместува во редот Asparagales.
Систематиката на оваа фамилија е во постојан флукс, бидејќи многубројните истражувања откриваат сѐ повеќе класификациски елементи.
Денес се признати пет потфамилии. Кладограмот за оваа фамилија е направен според APG системот:
Apostasioideae: 2 рода и 16 вида, југозападна Азија.
Cypripedioideae: 5 рода и 130 вида, од умерените региони на светот, како и во тропска Америка и тропска Азија.
Vanilloideae: 15 рода и 180 вида, во влажни тропски и суптропски региони и источна Северна Америка.
Epidendroideae: повеќе од 500 рода и повеќе или помалку од 20.000 вида, космополити.
Orchidoideae: 208 рода и 3.630 вида, космополити.
Поголем дел од орхидеите се повеќегодишни епифити кои растат прикачени за дрвја или грмушки во тропските и суптропските региони. Други видови се литофити, односно тие растат на карпи или карпеста почва, или, пак, се терестрични растенија. Речиси сите орхидеи од умерените подрачја се терестрични.
Некои орхидеи, како Neottia и Corallorhiza, немаат хлорофил и не се способни да вршат фотосинтеза. Наместо автотрофност, овие видови се исхрануваат со помош на паразитски почвени габи преку образувањето на орхидејни микоризи. Габите вклучени во ваквите симбиози се истите оние кои се дел од ектомикоризите со дрвјата и другите дрвенести растенија, односно тоа се паразити како Armillaria и сапротрофи.[5] Овие орхидеи се познати како мико-хетеротрофи, а порано беа неточно опишувани како сапрофити, како резултат на верувањето дека тие се исхранувале со разложување на органска материја. Додека само неколку видови се бесхлорофилни холопаразити, сите останати орхидеи се мико-хетеротрофи за време на ‘ртењето и развитокот на семето. Дури и фотосинтетските возрасни растенија можат да продолжат да добиваат храна (со тоа и јаглерод) од нивните микоризни габи.
Орхидеите се лесно препознатливи, бидејќи делат некои очигледни апоморфии. Меѓу нив се: билатерално симетрични цветови, од кои повеќето се ресупинатни, со едно чашкино ливче (labellum) кое е секогаш многу изменето, прашниците и плодникот се споени во гиностемиум, а семињата се екстремно мали.
Како и повеќето монокотиледони, орхидеите генерално имаат прости листови со паралелна нерватура, иако некои видови од Vanilloideae имаат мрежеста нерватура. По форма може да се јајцевидни, ланцетни или орбикулатни и многу варијабилни по големина. Нивните карактеристики често имаат дијагностички карактер. Тие се последователно наредени на стеблото, обично пликатни, и немаат прилисници. Листовите на орхидеите често поседуваат силикатни телца наречени stegmata во васкуларните ткива (меѓутоа ги нема во Orchidoideae) и се фиброзни.
Градбата на листот зависи од специфичното станиште на растението. Видовите кои растат на места кои се привремено многу сушни, имаат густи, кожести листови и нивните лиски се покриени со восочна кутикула, за превенција на загуба на вода. Видовите кои живеат во засенчени станишта имаат долги и тенки листови.
Листовите на повеќето орхидеи се многугодишни, додека други, особено на оние видови со пликатни листови, се менуваат годишно. Новите листови се развиваат од лажни луковици (булбуси), како кај Catasetum.
Некои орхидеи, како Polyrrhiza lindenii (орхидејата-дух), Aphyllorchis и Taeniophyllum зависат од нивните зелени корења за фотосинмтеза и немаат нормално развиени листови, како кај сите хетеротрофни видови.
Орхидеите се многугодишни тревести растенија и немаат трајни дрвенести структури. Тие можат да растат на два начина:
Копнените орхидеи може да имаат ризоми или да формираат грутки или лукоциви. Кореновите капи (калиптри) на копнените форми се мазни и бели.
Некои симподијални копнени орхидеи, како Orchis и Ophrys, имаат два подземни грутчести корења. Еден се користи како магацин за храна во тек на зимата, а со тоа станува снабдувач за другиот грутчест корен, од кој ќе се развие стебло напролет.
Во топлите и влажни климатски подрачја, многу копнени орхидеи немаат потреба од лажни луковици (псевдобулбуси).
Епифитските орхидеи имаат изменети воздушни корења кои може да се долги и до неколку метри. Во постариот дел на корењата, функцијата на апсорпција на влажност од воздухот (а со тоа и потребната вода за организмот) ја има изменетото епидермно ткиво наречено веламен. Тоа се состои од мртви клетки и може да има сребрено-сива, бела или кафеава боја.
Лажната луковица (псевдобулбус) има мазна површина со надолжни бразди и може да има различни форми, често конични или издолжени. Нејзината големина е варијабилна.
Најпознатите орхидејни родови се следните:
Aa; Abdominea; Acampe; Acanthephippium; Aceratorchis; Acianthus; Acineta; Acrorchis; Ada; Aerangis; Aeranthes; Aerides; Aganisia; Agrostophyllum; Amitostigma; Anacamptis; Ancistrochilus; Angraecum; Anguloa; Ansellia; Aorchis; Aplectrum; Arethusa; Armodorum; Ascocenda; Ascocentrum; Ascoglossum; Australorchis; Auxopus; Baptistonia; Barbrodia; Barkeria; Barlia; Bartholina; Beloglottis; Biermannia; Bletilla; Brassavola; Brassia; Bulbophyllum; Calypso; Catasetum; Cattleya; Cirrhopetalum; Cleisostoma; Clowesia; Coelogyne; Coryanthes; Cymbidium; Cyrtopodium; Cypripedium; Dactylorhiza; Dendrobium; Disa; Dracula; Encyclia; Epidendrum; Epipactis; Eria; Eulophia; Gongora; Goodyera; Grammatophyllum; Gymnadenia; Habenaria; Herschelia; Laelia; Lepanthes; Liparis; Ludisia; Lycaste; Masdevallia; Maxillaria; Meliorchis, Mexipedium; Miltonia; Mormodes; Odontoglossum; Oncidium; Ophrys; Orchis; Paphiopedilum; Paraphalaenopsis; Peristeria; Phaius; Phalaenopsis; Pholidota; Phragmipedium; Platanthera; Pleione; Pleurothallis; Promenaea; Pterostylis; Renanthera; Renantherella; Restrepia; Restrepiella; Rhynchostylis; Roezliella; Saccolabium; Sarcochilus; Satyrium; Selenipedium; Serapias; Sophronitis; Spiranthes; Stanhopea; Stelis; Thrixspermum; Trias; Trichocentrum; Trichoglottis; Vanda; Vanilla; Zeuxine; Zygopetalum.
Dockrillia teretifolia, an epiphyte orchid.
Cephalanthera longifolia, a terrestrial orchid
Habenaria radiata. Note the lip
Pterostylis coccina, a highly specialized shape
Neuwiedia griffithii, Apostasioideae. Note the three normal stamens.
Cypripedium acaule has two stamens. One can be seen from the picture, the other is on the other side
Catasetum fimbriatum. The seta is evident.
Dactylorhiza sambucina in two different colours
Vanilla planifolia, the vanilla flower
Cultivated Epidendrum ciliare
Dracula vampira, an orchid with a funny name
Listera ovata, a less showy orchid
Vanda tricolor var. suavis
Orchids at a flower show in Tatton Park, Cheshire, England, 24 јули 2008
Орхидеите (науч. Orchidaceae) се најголемата фамилија на цветни растенија. Нејзиното име е изведено од родот Orchis.
Кралските ботанички градини од Кју наведуваат 880 родови и близу 22.000 опишани видови, но точната бројка не е позната (можеби таа изнесува и до 25.000) како резултат на големи таксономски несогласувања. Бројот на орхидејни видови го надминува за четири пати бројот на видови на цицачи, или за два пати бројот на птици. Исто така, оваа фамилија сочинува околу 6-11% од сите семени растенија. Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година. Најголеми родови од фамилијата на орхидеите се Bulbophyllum (2,000 вида), Epidendrum (1,500 вида), Dendrobium (1,400 вида) и Pleurothallis (1,000 вида). Оваа фамилија исто така го вклучува и родот Vanilla (родот на растението Vanilla planifolia од кое се добива ванила), Orchis и многу други култивирани растенија, како што се Phalaenopsis или Cattleya.
Дополнително, со вметнувањето (интродукцијата) на тропските видови во 19 век, хортикултуристите произведоа повеќе од 100.000 хибридни видови и култивари.