dcsimg

Лоза ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
За истоменото списание видете „Лоза“.
 src=
Винови Лози во село Василево

Лози (науч. Vitaceae) — фамилија дикотиледонски цветни растенија каде спаѓаат виновата и петолисната лоза. Го носи името на типскиот род лоза (Vitis).

Сродноста помеѓу членовите не е јасна, а самата фамилија нема блиски сродници. Во Кронквистовиот систем, фамилијата е сместена близу до Крушини (Rhamnaceae) во редот Крушиновидни (Rhamnales). Припаѓа на кладот розиди, но Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) не ја класификува во ниеден ред. APG III (2009) ги сместува Лозите во свој сопствен ред наречен лозовидни (Vitales). Филогенетските анализи ги поддржуваат Лозивидните како сродни на сите други розиди.[2]

Видовите од родот лоза (Vitis) имаат по 38 хромозоми (n=19), со исклучок на подродот Muscadinia, кој има 40 (n=20). Родовите Ampelocissus, Parthenocissus и Ampelopsis исто така имаат по 40 хромозоми (n=20), додека Cissus има 24 (n=12).

Фамилијата има стопанско значење поради видовите на лози (Vitis) од кои се добива грозје и се прави вино.

Видовите од родот тетрастигма (Tetrastigma) се домаќини на паразитските растенија од фамилијата рафлезии (Rafflesiaceae).

Мрежата за истражување на фило филогенијата на скриеносемениците и APG, во Лози го вбројуваат родот Leea.

Галерија

Наводи

  1. APG III
  2. Jansen et al. 2006
  • R. K. Jansen, C. Kaittanis, S. B. Lee, C. Saski, J. Tomkins, A. J. Alverson and H. Daniell. 2006. Phylogenetic analyses of Vitis (Vitaceae) based on complete chloroplast genome sequences: effects of taxon sampling and phylogenetic methods on resolving relationships among rosids. BMC Evolutionary Biology 6: 32 [14 стр.].

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Лоза: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
За истоменото списание видете „Лоза“.  src= Винови Лози во село Василево

Лози (науч. Vitaceae) — фамилија дикотиледонски цветни растенија каде спаѓаат виновата и петолисната лоза. Го носи името на типскиот род лоза (Vitis).

Сродноста помеѓу членовите не е јасна, а самата фамилија нема блиски сродници. Во Кронквистовиот систем, фамилијата е сместена близу до Крушини (Rhamnaceae) во редот Крушиновидни (Rhamnales). Припаѓа на кладот розиди, но Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) не ја класификува во ниеден ред. APG III (2009) ги сместува Лозите во свој сопствен ред наречен лозовидни (Vitales). Филогенетските анализи ги поддржуваат Лозивидните како сродни на сите други розиди.