Емориевиот кактус (Ferocactus emoryi) е бурест кактус од видов на ферокактуси.
Емориевиот кактус е сферичен или цилиндричен кактус, налик на буренце. Кактусот е светлозеленкаст и достигнува дијаментар од 60 до 110 см, а висина од 2 до 2,5 метри. Кактусот има од 15 до 30 ребренца со туберкули, особено кај помладите единки. Централната боцка е многу долга, достигнува должина од 4 до 10 цм. Околу нема има од седум до дванаесет боцки кои достигнуваат должина и до 5 см. Големите и инкестите цветови се вообичаено црвени или жолти, достигнуваат должина од до 7,5 см и дијаметар од 5 до 7 см. Плодот е овален и долг 5 см.
Овој вид може да се најде во природата во Мексико и САД, поточно во Аризона.
Емориевиот кактус расте во пустински предели со ниски грмушки, карпески падини и каменести и карпести предели. Кактусот може да расте на надморска висина до 1200 метри.
Емориевиот кактус (Ferocactus emoryi) е бурест кактус од видов на ферокактуси.