dcsimg

Големо штипче ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Големото штипче (црновратниот нуркач лат: Podiceps nigricollis), познат во Северна Америка како ушест нуркач, е член на фамилијата нуркачи на водните птици. Може да се најде на сите континенти, освен во Австралија и на Антарктикот.

Таксономија

Постојат три подвида: [2]

Имињата „црновратен“ и „ушест“, за овој вид упатуваат на пердувите видливи кога птицата е во фаза на парење, во којашто има сосема црн врат и траги на златни пердуви на секоја страна од главата. Името „ушест нуркач" е во употреба речиси еден век пред името „црновратен нуркач“. Второто име е првпат употребено во 1912 година од страна на Ернст Хартерт, во обид да се утврди заедничкото име на видовите во согласност со нивните научни имиња. [3] Називот на родот на овие видови - Podiceps - доаѓа од два латински збора: podicis, што значи „анусот" и pes, што значи „стапало".[4] Ова упатува на допирната точка од нозете на птицата – па до крајниот дел на грбот од неговото тело. Специфичниот епитет nigricollis е латински збор за „црновратен": niger значи „црно“ и collis значи „врат“. Локалното име за овој нуркач во Македонија е: големо штипче.

Опис и опсег

 src=
Големо штипче, вон сезона на парење

Големото штипче е долго од 28 до 34 центиметри. Возрасната единка, во лето јасно се препознава по црната глава и врат и жолтите ушни реси. Во зима, овој мал нуркач е бел со оскудно дефинирана црна капа, која го разликува од словенскиот нуркач (Horned Grebe во Америка).

При додворување мажјакот прави весел повик до женката. Овој вид се размножува во вегетативни области на слатководни езера низ Европа, Азија, Африка, северните делови од Јужна Америка и на југо-западниот и западниот дел на САД. Североамериканскиот подвид, P. n. californicus е познат како „ушест нуркач“. Овие птици мигрираат во зима, главно кон Пацифичкото крајбрежје, каде што тие редовно се движат јужно кон Ел Салвадор; а може да заскитаат до Костарика. [5]

Нуркачот од подвидот Р. n. nigricollis,(големо штипче) од постудените региони, зиме, со многу други европски птици, се преселува во медитеранската област. Изолираната јужноафриканската раса, Р. n. gurneyi не се сели. Таа e именувана од страна на јужноафриканскиот орнитолог и автор Остин Робертс во чест на англиските банкари и аматерски орнитолози Џон Хенри Gurney и Џон Хенри Gurney Џуниор .

Однесување

Големото штипче е одличен пливач и нуркач, го гони својот плен под вода, јаде најчесто риби, како и мали ракови, водни инсекти и ларви. Повеќе сака да избега од опасност со нуркање отколку со летање, иако лесно може да се издигне од водата. Како и сите нуркачи, така и големото штипче, се гнезди на работ од водата, додека неговите нозе се поставени назад и не може добро да оди. Вообичаено снесува 2 јајца, а гологлавите млади понекогаш се носени на грбот на возрасните.

Интересно е што големото штипче всушност, поголемиот дел од годината не лета (9-10 месеци), и служи како пример за еден од најнеефикасните летачи меѓу животните. Општо земено, оваа птица избегнува летање по секоја цена и ги чува летовите за долга дистанца - исклучиво за селење. Но, кога се сели, таа може да патува и до 6,000 километри за да стигне до топлите области, кои се користат од страна на неколку други видови. [6]

Поврзано

Наводи

Извори

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Големо штипче: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Големото штипче (црновратниот нуркач лат: Podiceps nigricollis), познат во Северна Америка како ушест нуркач, е член на фамилијата нуркачи на водните птици. Може да се најде на сите континенти, освен во Австралија и на Антарктикот.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија