dcsimg

Мачковидни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Мачкоовидните (лат. Feliformia или Feloidea) се ѕверови (месојадци) образуваат подред во рамките на редот на ѕверови и тука припаѓаат мачките (големи и мали), хиените, мунгосите, цибетките и сродните таксони. Другиот подред на ѕверови е Caniformia (кучевидни ѕверови). Една заедничка особина на ѕверовите која ги разделува од сите останати цицачи е присуството на четири ѕверски заби (карназијали) на предниот дел од вилицата.

Поделбата на ѕверовите на две големи групи (мачко- и кучевидни) е нашироко прифатена, исто како што е и дефиницијата за мачко- и кучевидни ѕверови како подредови (понекогаш надфамилии). Класификацијата на мачковидните ѕверови како дел од подредот Feliformia или како дел од одделни групи и денес се развива.

Заеднички особини

Сите современи мачковидни ѕверови споделуваат една заедничка особина: нивните слушни були или bullae (коскени капсули кои го затвораат средното и внатрешното уво). Ова е клучна дијагностичка особина при класификацијата на видовите како мачковидни наспроти кучевидните ѕверови. Кај мачковидните , слушните були се двокоморни, составени од две коски споени со септа. Кучевидните имаат еднокоморни или само делумно поделени слушни були кои се состојат од единечна коска.

Специфичните особини на современите мачковидни були укажуваат на заеднички предок, иако тој не е пронајден како фосил. Постојат и други особини кои ги разликуваат мачковидни од кучевидните ѕверови и тие веројатно постоеле кај изумрените, првобитни ѕверови. Но, како резултат на специјацијата, овие особини не се наоѓаат кај сите современи видови.

Мачковидните ѕверови обично имаат пократки роструми за разлика од кучевидните, помалку заби и поспецијализирани ѕверски заби. Мачковидните се помесојадни и како целина се ловци од заседа. Кучевидните најчесто се сештојади или се исхрануваат со храна која случајно ја пронашле (опортунисти во исхранта).

Многу мачкообразни ѕверови поседуваат повлечни (ретрактибилни) или полуповлечни канџи и повеќето се арбореални или полуарбореални видови. Исто така, тие обично се дигитиградни (се движат на нивните прсти). За споредба, повеќето кучевидните ѕверови се земски животни, имаат неповлечни канџи и најчесто се плантиградни (се движат со целото стапало).

Типични претставници

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Мачковидни: Brief Summary ( Macedonian )