dcsimg

Кермодова мечка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кермодова мечка (науч. Ursus americanus kermodei) позната и како мечка-дух (англиски: spirit bear) — подвид на американската црна мечка кој живее на централниот брег на Британска Колумбија. Една десетина од популацијата има крзно со бела или кремава боја. Оваа варијанта е поради присуството на рецесивен ген во нивниот геном, тие не се ни албино, ни во сродство со белите мечки.

Поради нивниот специфичен изглед, поради кој наликуваат на духови, овие мечки имаат значајно место во митологијата на индијанците кои живееле во овие предели[1].

Кермодовата мечка е именувана по Франсис Кермод, Канаѓанец кој ги истражувал овие мечки и соработник на Вилјам Хорнадеј, зоологот кој го опишал овој вид[2].

Боја на крзно

Во 2001, беше објавено дека замена во рецепторот на меланокортин 1 е одговорна за бојата на крзното на овие мечки. Научниците испитувале ДНК од 220 мечки и откриле релација помеѓу рецесивната алела и белата боја на крзното[3].

Живеалиште

Природното живеалиште на Кермодовата мечка е под постојана закана поради сечењето на дрвата кои се употребуваат во градежната индустрија. Од фебруари 2006 година, владата на Британска Колумбија постави договор помеѓу групите за заштите на околината и градежната индустрија, со кој се заштитуваат 18 000 квадратни километри земја. Овој предел е најголемата умерена дождовна шума, наречена Голема мечкина дождовна шума, која е и дом на Кермодовата мечка. Договорот ќе го ограничи сечењето дрва и ќе помогне да се развие екотуризмот. Во септември 2006 година започнува искористувањето на шумите во друг регион, кој е исто така живеалиште на овие мечки но не е влезен во териториите заштитени со договорот.

Занимливости

Во февруари 2006 г. премиерот на Британска Колумбија објави дека сакаат Кермодовата мечка да стане официјално животно на оваа земја.

Наводи

  1. Last Stand of the Great Bear. National Geographic. ISBN 0-7922-4110-X.
  2. Steve Warmack. „The Kermode Bear“. конс. 2008-04-18.
  3. Kermit Ritland, Craig Newton, and H. Dawn Marshall (18 сeптември 2001 г). Inheritance and population structure of the white-phased “Kermode” black bear. „Current Biology“ том 11 (18): 1468–1472. doi:10.1016/S0960-9822(01)00448-1.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Кермодова мечка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Кермодова мечка (науч. Ursus americanus kermodei) позната и како мечка-дух (англиски: spirit bear) — подвид на американската црна мечка кој живее на централниот брег на Британска Колумбија. Една десетина од популацијата има крзно со бела или кремава боја. Оваа варијанта е поради присуството на рецесивен ген во нивниот геном, тие не се ни албино, ни во сродство со белите мечки.

Поради нивниот специфичен изглед, поради кој наликуваат на духови, овие мечки имаат значајно место во митологијата на индијанците кои живееле во овие предели.

Кермодовата мечка е именувана по Франсис Кермод, Канаѓанец кој ги истражувал овие мечки и соработник на Вилјам Хорнадеј, зоологот кој го опишал овој вид.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија