Бубамари (Coccinellidae) е раширено семејство на мали инсекти кои се со големина од 0,8-18 мм.[3] Овие инсекти не се класифицирани како полутврдокрилци.[4]
Поголемиот дел од видовите, генерално, се сметаат за корисни инсекти, затоа што ги ловат тревопасните еднаквокрилци како што се лисните вошки, кои се земјоделски штетници. Многу видови на бубамари ги ставаат своите јајца директно во колониите на лисните вошки и други инсекти, со цел да се осигурат дека нивните ларви ќе имаат непосреден извор на храна.[5] Бубамарите од подсемејство Epilachninae се земјоделски штетници, бидејќи се тревопасни, што значи дека јадат лисја од жито, компири, грав и разни други култури, а нивниот број може да се зголеми експлозивно во години кога бројот на нивните природни непријатели е намален. Во такви ситуации, тие можат да предизвикаат големи штети на земјоделските култури.
Латинското име коцинелиди (coccinellids) е изведено од латинскиот збор coccineus што значи „скарлетно“.[6] Англиското име е „ladybird“ потекнува од Велика Британија, каде што инсектите станале познати како „птица на нашата дама“.[7][8] Богородица често е прикажана облечена во црвена наметка на првите слики, а точките на седумточкастата бубамара (која е најчеста во Европа) се вели дека ги симболизираат седумте радости и седумте таги. [9] Во Соединетите држави, името на оваа бубачка е „ladybug“.
Бубамарите често се видливо обоени жолто, портокалово или црвено со мали црни точки на крилцата, со црни нозе, глави и антени. Сепак, постои голема варијација во боите. На пример, некои видови, како што е Vibidia duodecimguttata, дванаесетточкест забележан вид, имаат белузлави дамки на кафеава позадина. Бубамарите ги има ширум светот, и опишани се над 6.000 видови.[10] [11]
Повеќето бубамари имаат кружни до елипсовидни тела во форма на купола, со шест кратки нозе. Во зависност од видот, тие можат да имаат точки, ленти или воопшто да немаат обележување. Седумточкастите бубамари се црвени или портокалови со три точки од секоја страна и по една во средина; имаат црна глава со бели точки од секоја страна.
Освен вообичаените жолти и темноцрвени бои, многу видови бубамари се претежно, или во целост, црни, темно сиви, сиви или кафеаво по боја, и може да им биде тешко на не-ентомолозите воопшто да ги препознаваат како бубамари. Спротивно на тоа, не-ентомолозите може лесно да згрешат со многу други мали бубачки, за кои ќе претпостават дека се бубамари. Погрешно идентификување се случува посебно доколку се забележани бубачки во црвена, портокалова или жолта и црна боја. Примери за ова има многу.
Заеднички мит, сосема неоснован, е дека бројот на точки на грбот на инсектот укажува на нејзината возраст.[12] [13] Всушност, основната шема и бојата ги одредува видот и генетиката на бубачката. Кај некои видови, бубачката го има крајниот изглед во времето кога излегува од фазата кукла, но во повеќето случаи може да се потребни неколку дена за да созрее и да се стабилизира бојата на возрасната бубачка.
Paraplectana tsushimensis е азиски пајак што личи на бубамара.
Бубамарите се најпознати како грабливци. Еден род на мали црни бубамари, (Stethorus), се специјализирани за ловење на грини, особено пајаци грини (од видот Tetranychus). Тие се природни грабливци на низа сериозни штетници, како што е на пример европскиот пченкарен молец, кој ја чини американската земјоделска индустрија повеќе од една милијарда американски долари годишно во загуби на земјоделски култури и контрола на населението.[14] [15]
Различни поголеми видови на бубамари напаѓаат гасеници и ларви на други бубачки. Неколку родови се хранат со разни инсекти или нивните јајца; на пример, јајцата и ларвите на молци, ларвите и јајцата на другите бубамари, од својот или од други видови. Како семејство, бубамарите се сметале за чисто месојадни,[16] но сега се знае дека се сештојадни отколку што се сметаше претходно. Покрај пленот што го сакаат, повеќето грабливи бубамари вклучуваат и други производи во исхраната, вклучувајќи мед, полен, нектар и разни габи. Значењето на ваквата исхрана сè уште се истражува и се дискутира меѓу научниците.[17]
За некои видови бубамари се смета дека оставаат неоплодени јајца заедно со оплодените, очигледно за да обезбедат резервен извор на храна за ларвите кога ќе се изведат. Односот на неплодни и плодни јајца зависи од недостигот на храна за време на положувањето на јајцата.[18]
Некои видови бубамари се тревопасни животни и можат да бидат многу деструктивни земјоделски штетници.
Главните непријатели на бубамарите обично се птиците, но тие се плен и на жаби, оси, пајаци и вилински коњчиња. Светлите бои на бубамарите обесхрабруваат некои потенцијални предатори да не ги јадат. Овој феномен е наречен апосематизам.
Бубамарите во умерените региони влегуваат во дијапауза во текот на зимата, така што тие често се меѓу првите инсекти што се појавуваат во пролетта. Некои видови (на пр. Hippodamia convergens) се собираат во групи и се префрлаат на повисоки места, како што е планина, за да влезат во дијапауза.
Повеќето бубамари ја минуваат зимата како возрасни, собирајќи се на јужните страни од големи објекти, како што се дрвја или куќи во текот на зимските месеци.[19]
Грабливите бубамари обично може да се најдат на растенија каде ќе се појави нивниот плен. Тие ги оставаат своите јајца блиску до својот плен, за да ја зголемат веројатноста ларвите лесно да го пронајдат пленот. Во зависност од достапноста на ресурсите, ларвите поминуваат низ четири фази во текот на 10-14 дена, по што се јавува фазата кукла. По периодот екдиза кој трае неколку дена, возрасните стануваат репродуктивно активни. Вкупниот животен век на бубамарите е просечно една до две години.[20]
Во Северна Америка, бубамарите обично започнуваат да се појавуваат во затворени простории на есен кога ги напуштаат своите летни места за хранење во полиња, шуми и дворови, и бараат место за да ја поминат зимата. Обично, кога температурите се топли во доцните попладневни часови (околу 18°C), по периоди на постудено време, бубамарите може да се видат на ѕидови или во згради осветлени од сонцето. Куќите или другите згради близу полиња или шуми се особено склони кон наезда.[21]
По невообичаено долг период на топло, суво време во летото 1976 година во Велика Британија, значително се зголемил бројот на бубамари, при што имало и бројни извештаи на луѓе дека се каснати од бубамарите.[22][23]
Видот наречен харлекин бубамара (Harmonia axyridis) е пример за тоа како бубачката може да биде делумно добредојдено и делумно штетно. Таа била доведена во Северна Америка од Азија во 1916 година за контрола на лисните вошки, но сега е најчестиот вид, надминувајќи многу од домашните видови.[24] Оттогаш се проширила во поголемиот дел од западна Европа, а од 2004 година и во Велика Британија. [25] Кога овој вид бубамара се размножил во делови од Африка, се покажал како штетник за земјоделските култури.[26]
Многу култури сметаат дека бубамарите носат среќа и имаат изрази или песнички во кои се опева ова верување. На пример, турското име за бубамара буквално значи „бубачка за среќа“ (uğur böceği).
Бубамарите се симбол на книгите „Ladybird“ (дел од групацијата „Пингвин“).[27][28]
Исто така, бубамарата се јавува и како мотив во популарната музика. На пример, една песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година се вика „Бубамара“ (Lady Bird).[29]
Бубамарите се усвоени и како маскота на Канданчи,[30] ски-центар на шпанските Пиринеи.
Видео од бубамара во близина на мравјалник
Brumoides suturalis со надолжни ленти.
Coccinella transversalis. Кај оваа бубамара црните точки се толку големи што се испреплетуваат.
Henosepilachna guttatopustulata, тревопасна бубамара и една од најголемите бубамари. Се храни со лист од компир. Овој вид е разнобоен.
Бубамара на полетување (вид Хармонија axyridis
Кафеава Скамнус
Бубамари (Coccinellidae) е раширено семејство на мали инсекти кои се со големина од 0,8-18 мм. Овие инсекти не се класифицирани како полутврдокрилци.
Поголемиот дел од видовите, генерално, се сметаат за корисни инсекти, затоа што ги ловат тревопасните еднаквокрилци како што се лисните вошки, кои се земјоделски штетници. Многу видови на бубамари ги ставаат своите јајца директно во колониите на лисните вошки и други инсекти, со цел да се осигурат дека нивните ларви ќе имаат непосреден извор на храна. Бубамарите од подсемејство Epilachninae се земјоделски штетници, бидејќи се тревопасни, што значи дека јадат лисја од жито, компири, грав и разни други култури, а нивниот број може да се зголеми експлозивно во години кога бројот на нивните природни непријатели е намален. Во такви ситуации, тие можат да предизвикаат големи штети на земјоделските култури.