Смил (латински: Helichrysum arenarium) — лековито растение со жолти ситни цветови, што расте на песокливи планински ливади. [1]
Како повеќегодишно растение, средната висина на смилот е 0,3 м.
Неговите листови се рамни, пониските имаат елипсовиден облик, а повисоките се прави. Влакнести се од двете страни.
Главите на цветовите се распоредени во лабав крст. Широки се 3 до 4 мм и се со светла златно-жолта боја.
Смилот се наоѓа од Источна Франција до Данска, но и на планините во Узбекистан на песокливите падини. Исто така распространет е по Далматинското Крајбрежје во Хрватска, каде мештаните редовно го берат и го продаваат во летните месеци.
Чај (инфуз) од светло-жолтите цветови се користи во третманот на болести на жолчното кесе и како диуретик во лекување на реума и циститис.
Цветот исто така се користи како состојка во билните овошни чаеви.
Сувото растение често се користи за украсување заедно со, или наместо, растението од неговото семејство Helichrysum bracteatum.
Заради убавината и мирисот на цветот, на децата им се даваат имиња кои произлегуваат од неговото име – Смиле и Смилка.
Смил (латински: Helichrysum arenarium) — лековито растение со жолти ситни цветови, што расте на песокливи планински ливади.