Струпници (науч. Scrophulariaceae) се фамилија на цветни растенија. Растенијата се едногодишни и повеќегодишни билки чии цветови имаат двострана (зигоморфна) или (ретко) ѕвездеста (актиномофрна) симетрија. Имаат космополитска распределба, но претежно во умерени подрачја, вклучувајќи ги тропските планини. Го носат името на фамилијата Струпник (Scrophularia, L.).
Во минатото се сметало дека фамилијата има 275 рода со над 5.000 видови, но во поново време е направено драстично разграничување врз основа на нивната молекуларна филогенија. Многу родови се префрлени во други фамилии во рамките на усноцветовидни те (Lamiales), особено во Тегавците (Plantaginaceae) и Чумите (Orobanchaceae), но и во неколку нови фамилии.[2][3] Неколку фамилии од усноцветовидните се проширени за да ги опфатат родовите преместени од Струпниците sensu lato.
Во фамилијата има и разни лековити билки. Некои од нив се:
Струпници (науч. Scrophulariaceae) се фамилија на цветни растенија. Растенијата се едногодишни и повеќегодишни билки чии цветови имаат двострана (зигоморфна) или (ретко) ѕвездеста (актиномофрна) симетрија. Имаат космополитска распределба, но претежно во умерени подрачја, вклучувајќи ги тропските планини. Го носат името на фамилијата Струпник (Scrophularia, L.).
Во минатото се сметало дека фамилијата има 275 рода со над 5.000 видови, но во поново време е направено драстично разграничување врз основа на нивната молекуларна филогенија. Многу родови се префрлени во други фамилии во рамките на усноцветовидни те (Lamiales), особено во Тегавците (Plantaginaceae) и Чумите (Orobanchaceae), но и во неколку нови фамилии. Неколку фамилии од усноцветовидните се проширени за да ги опфатат родовите преместени од Струпниците sensu lato.
Во фамилијата има и разни лековити билки. Некои од нив се:
црн корен (Leptandra) струпник (Scrophularia) бабјак (Verbascum)