Ирвас или северен елен (науч. Rangifer tarandus) — вид елен од Арктикот и Субарктикот, вклучувајќи ги заемно резидентните и миграциските популации. Иако е глобално распространет и броен, некои од неговите субвидови се ретки, а еден (или два, зависно од таксономијата) е и веќе изумрен.
Ирвасот најчесто се разликува по својата боја и големина. На двата пола им раснат рогови, иако кај мажјаците се поголеми, а има и неколку популации во кои женките воопшто немаат рогови.
Ловењето на диви ирваси како и одгледувањето на полудомашни ирваси (за месо, крзно, рогови, млеко и транспорт) се многу значајни за неколку арктички и субарктички народи. Дури и далеку од неговиот радиус, ирвасот е познат по митот за Дедо Мраз, во кој, неговата санка е влечена од ирваси што летаат (комерцијален секуларен елемент од христијанскиот празник Божиќ).
Ирвасот е распространет и броен вид во северниот Холарктик, заемно присутен во тундрата и тајгата (северна шума). Најпрвин, ирвасот бил најден во Скандинавија, Источна Европа, Русија, Монголија, како и во Северна Кина, северно од 50-та лонгитуда. Во Северна Америка, бил најден во Канада, Аљаска и во САД (од Вашингтон до Мејн). Во 19-от век бил очигледно присутен во јужниот дел на Ајдахо. Исто така, природно се појавил и во Сахалин, Гренланд, а веројатно во историските времиња и во Ирска. При доцната Плеистоцена ера, биле пронајдени ирваси далеку на југот од Северна Америка дури во Невада и Тенеси, како и Шпанија во Европа. Денеска, дивите ирваси имаат исчезнато од многу територии од тогашниот голем историски радиус, особено во јужните делови, каде е исчезнат секаде. Големи популации на диви ирваси можат сè уште да се најдат во Норвешка, Финска, Шведска, Сибир, Гренланд, Аљаска и Канада.
Доместицирани ирваси можат најчесто да се најдат во северна Феноскандија и Русија, како и стадо од околу 150-170 ирваси кои живеат во околијата на Кеирнгорм, Шкотска. Последните ирваси од дивата тундра, во Европа, се најдени во одредени делови на јужна Норвешка.
Неколку ирваси од Норвешка беа донесени на Јужно Атлантскиот остров Јужна Џорџија во почетокот на 20от век. Денес, постојат две различни стада кои сè уште опстојуваат таму, засекогаш одделени од глечери. Нивната целовкупна популација таму, брои не повеќе од неколку илјади. Знамето и територијалното воено одело содржат слика од ирвас. Околу 4000 ирваси до сега биле мигрирани во францускиот суб-Антарктички архипелаг Кергуленски Острови. Источен Исланд има мало стадо од околу 2500-3000 животни.
Популацијата на Карибу и ирвасите се менувала историски, но многу од стадата се во пад надвор од нивниот радиус. Овој глобален пад е поврзан со климатските промени за северните стада на миграциони карибу и ирваси како и индустриското нарушување на живеалиштата на тие стада за постојани, не-миграциски стада.
Женките најчесто растат 162-205цм(64-81 инч) во должина и 79-120кг(170-260 фунти) во тежина. Мажјаците(или бикови) се стандардно поголеми(иако, степенот до кој варира во различни суб-видови), мерејќи 180-214цм(71-84 инч) во должина и најчесто тежејќи 92-210кг(200-460 фунти), иако, извонредно големи мажјаци тежеле и по 318кг(700 фунти). Висината на рамото често мери од 85 до 150цм(33 до 59 инча), а опашката е 14 до 20цм(5.5 до 7.9 инча) долга. Суб-видот R. t. platyrhynchus од островот Свалбард е многу мал во споредба со други подвидови(феномен познат како островен џуџенизам), со женки кои имаат должина од приближно 150цм(59 инча), и тежат околу 53кг(120 фунти) во пролет и 70кг(150 фунти) во есен. Мажјаците се приближно 160цм(63 инча) долги и тежат околу 65кг(140 фунти) во пролет и 90кг(200 фунти) во есен. Ирвасите од Свалбард се исто така релативно кратки во нозете и можат да имаат висина на рамото максимум 80цм(31 инч).
Бојата на крзното значајно варира, како индивидуално така и во зависност од сезоната и подвидовите. Северните популации, кои се често релативно мали, се по бели, белите јужни популации, кои се често и релативно големи, се потемни. Ова може да биде добро видено во Северна Америка, каде, најсеверните подвидови, Рeary Caribou, е нај белиот и нај малиот подвид на континентот, додека најјужните подвидови, Woodland Caribou, е најтемниот и најголемиот. Грбот има два слоја на крзно, густо волнено подкрзно и долго-влакнесто надкрзно кое содржи шупливи, со воздух исполнети влакна.[1]
Во повеќето популации, на двата пола им растат рогови, кои што(во Скандинавските варијации) на старите мажјаци им паѓаат во Декември, а на младите во раната пролет, а на женките во лето. Роговите најчесто имаат две одделни групи на боцки, долна и горна. Домашните ирваси се сo пократки нозе и потешки од нивните диви видови. Има извонредно подвидова варијација во големината на роговите(пр. доста мали и кружни во најсеверните подвидови), но, во некои подвидови, бик-ирваските рогови се втори по големина од било кој вид на елен, после мусот, и можат да достигнат до 100цм(39 инча) во ширина и 135цм(53 инча) во зракова должина. Тие имаат најголеми рогови во контекст на големината на телото меѓу елените.
Ирвасите имаат специјализирани носеви кои имаат назални турбинантни коски кои драматично ја зголемуваат внатрешнината на ноздрите. Влезниот ладен воздух е загреван од животинската телесна топлина пред да навлезе во дробовите, а водата се кондензира од истрошениот воздух и се задржува пред да се испушти здивот на еленот, ова служи за развлажнување на сувиот воздух и евентуално да се абсорбира во крвта преку мукозните мембрани.
Копитата на ирвасите се адаптираат према сезоната: во лето, кога тундрата е мека и влажна, стопалата стануваат како сунѓери и даваат дополнителна тракција. Во зимата, стопалата се намалуваат и стеснуваат, откривајќи ја рамката од копитата, која го сече мразот и заледениот снег, штитејќи го ирвасот од лизгање. Оваа трансформација им дозволува да копаат длабоко(активност позната како “кратерување”) во снегот до нивната најомилена храна, лишаи, познати како ирвасов мов. Колената на многу видови ирваси се адаптирани да продуцираат тропачки звук додека одат.[2]
Ирвасите се преживари, што значи дека имаат стомак со четири комори. Воглавно, тие се хранат со лишаи во зима, особено ирвасовиот мов. Покрај тоа, тие јадат ги јадат и лисјата на врбите и брезите како и остриците и тревите. Постојат докази дека во одредени прилики, тие исто така се хранат со леминзи, арктички лососи и птичји јајца. Стадата ирваси во Чукчис се познати по зголеменото јадење на печурки во доцните лета.
Парењето се случува од доцен Септември до ран Ноември. Мажјаците меѓусебно се борат за пристап кон женките. Два мажјака ќе ги спојат своите рогови и се обидуваат да се одбутнат. Најдоминантните мажјаци можат да соберат дури до 15-20 женки за парење. Мажјакот ќе прекине со исхраната и ќе изгуби многу од телесните резерви. Младите најчесто се раѓаат следниот Мај или Јуни. После 45дена, младите се способни да се хранат самостојно, но продолжуваат со цицањето до следната есен и стануваат независни од своите мајки.
Некои популации од Северно Американскиот карибу мигрираат најдалеку од било кој друг земјен цицач, патувајќи до 5000км(3100милји)годишно, покривајќи 1000000км2(390000квадратни милји).
Други популации (пр. во Европа) имаат пократка миграција, а други, на пример подвидови R. t. pearsoni i R. t. platyrhynchus (двата изолирани на острови), се “станари” кои прават само локални движења.
Патувајќи нормално околу 19-55км(12-34милји) дневно додека мигрираат, карибуто може да трча со брзини од 60-80км/ч(37-50 милји). За време пролетната миграција, помали стада се соединуваат заедно за да формираат поголеми стада од по 50.000 до 500.000 животни, но за време на есенските миграции, групите стануваат помали и ирвасите почнуваат да се парат. За време на зимата, ирвасите патуваат во шумски предели да се исхрануваат од под снегот. До пролетта, стадата ги напуштаат зимските домови за да идат во пределите на младенчињата. Ирвас може да плива лесно и брзо, во просек околу 6.5км/ч(4.0 милји) но ако е потребно дури и до 10км/ч(6.2милји), па така и миграциските стада не се мислат при потребата да препливаат големо езеро или широка река.
Постојат голем број предатори кои најчесто ловат ирваси. Златните орли[3] ги напаѓаат младенчињата и се најчести ловци во пределите за парење. Ласиците-мечки ги напаѓаат новороденчињата или кравите што се пораѓаат, како и (по ретко) слабите возрасни ирваси. Кафените мечки и (во ретки случаи кога ќе се сретнат меѓусебно) Поларните мечки ловат ирваси од било која возраст, но(како и кај ласиците) најчесто е да нападнат или младенче или болен елен. Сивиот волк е најефикасниот природен предатор на возрасните ирваси, особено за време зимите. Како лешеви, карибуто користат како исхрана на лисици, гаврани и соколи. Крво-пијачките инсекти како црните муви и комарците, се чума за ирвасите за време летото и можат да предизвикаат доволно стрес за прекин на обичаите во хранењето и парењето кај ирвасите.[4] Во еден случај, целото тело на ирвас беше пронајдено во гренландска ајкула(се чини случај на насилно бркање), вид најден во далечниот северен Атлантик. Популациските броеви на некои од овие предатори е предизвикан од миграциите на ирвасите. За време на Леденото Доба, тие пресретнале Антички Волци, Пештерски Лавови, Амерички Лавови, Огромни кратко-лице Мечки, Пештерски Хиени, Антички Рисови, Јагуари, Гепарди, а можеби и Антички Земјени Мрзливци.
Уште од 1961, ирвасите беа поделени во две поголеми категории, тундра-ирвасот со шест подвидови и шумскиот ирвас со три подвидови. Во тундрата, подвидовите се мали, високо-Арктички островски форми. Овие островски подвидови не се толку блиски, затоа што се чини дека Свалбардскиот Ирвас еволуирал од голем Европски Ирвас, од друга страна, Крушкестиот Карибу и изумрениот Арктичен Ирвас се поблиски и се чини дека еволуирале во висок-Арктик Северна Америка.
Следнава листа е парцијална, со неколку изоставени подвидови, воглавно четри, кои се забранети во Русија и соседните региони: R. tarandus buskensis, R. tarandus pearsoni (Irvas od Nova Zemja), R. tarandus phylarchus (Irvas od Kam~atka I Okhotsk) i R. tarandus sibiricus (Irvas od Sibirskata Tundra)
Базирано на статија во 1961, овие карибу беа сметани за неточни и вклучени во R. tarandus caribou, но некои скорешни власти одлучија да ги прифатат, дури, предлагајќи дека тие се доста различни. Според анализата на МТДНА во 2005та, беа пронајдени различности меѓу карибуата од ЊуФаундленд, Лабрадор, јужно-западна Канада и јужно-источна Канада, но останаа сите како примарниот подвид.
Ирвас или северен елен (науч. Rangifer tarandus) — вид елен од Арктикот и Субарктикот, вклучувајќи ги заемно резидентните и миграциските популации. Иако е глобално распространет и броен, некои од неговите субвидови се ретки, а еден (или два, зависно од таксономијата) е и веќе изумрен.
Ирвасот најчесто се разликува по својата боја и големина. На двата пола им раснат рогови, иако кај мажјаците се поголеми, а има и неколку популации во кои женките воопшто немаат рогови.
Ловењето на диви ирваси како и одгледувањето на полудомашни ирваси (за месо, крзно, рогови, млеко и транспорт) се многу значајни за неколку арктички и субарктички народи. Дури и далеку од неговиот радиус, ирвасот е познат по митот за Дедо Мраз, во кој, неговата санка е влечена од ирваси што летаат (комерцијален секуларен елемент од христијанскиот празник Божиќ).