dcsimg

Lifespan, longevity, and ageing

добавил AnAge articles
Maximum longevity: 28.3 years (captivity)
лиценца
cc-by-3.0
авторски права
Joao Pedro de Magalhaes
уредник
de Magalhaes, J. P.
соработничко мреж. место
AnAge articles

Патас

добавил wikipedia emerging languages
 src=
Мало мајмунче
 src=
Поштење — друштвено поведение

Патас или гусарски мајмун (науч. Erythrocebus patas) — наземен мајмун од полусувите предели на Западна и дел од Источна Африка. Ова е единствениот вид од родот патаси (Erythrocebus). Последните филогенетски наоди покажуваат најблиско сродство со зелениот мајмун или „вервет“ (Chlorocebus aethiops), што укажува на потребата од прекласификација.

Ова животно може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Таксономија

Бројот на подвидови на патасот сè уште не е сосема утврден. Според едни извори постојат четири подвида,[4] а според други, само два: обичниот патас (Erythrocebus patas patas) со црн нос и ниснасот (Erythrocebus patas pyrrhonotus) со бел нос, кој живее на исток.

Изглед

Мајмунот има должина до 85 см, не сметајќи ја опашката, која е долга 75 см. Мажјаците се значително поголеми од женките. Патасот е најбрз од сите примати, достигнувајќи брзина од 55 км/ч.[5]

Поведение

Живеат во групи до 60 единки, со повеќе женки и по еден возрасен мажјак. Забележани се и многу поголеми групи.[6] За време на сезоната за парење, во групата доаѓаат повеќе мажјаци. Кога мажјакот ќе достигне полова зрелост (обично на возраст од 4 години), ја напушта групата и преминува во група од исклучиво машки единки. Возрасните женки во групата решаваат кога групата треба да се движи, а мажјаците ги следат.[6]

Тревожни огласувања

Овие мајмуни имаат неколку различни тревожни огласувања со кои ги предупредуваат другите на опасност. Огласувањата се разликуваат според единката што ги оддава (возрасна женка, возрасен мажјак, младо и тн.), како и според типот на грабливец кој ги демне. За разлика од другите примати, патасите ретко бегаат од непријатели по дрва, што веројатно се должи на тоа што средината им е оскудна со висока растителност. Во случај на опасност, ес бранат со бегање, а некои единки знаат да напаѓаат непријатели како шакали и диви мачки. Ова важи како за мажјаците, така и за женките.[7]

Живеалиште

Патасот избегнува густи шуми и живее на поотворени савани и полупустини. Има извонредно голема родност, што веројатно е еволутивно решение за големата стапка на смртност со која се соочуваат поради наземниот живот.[8]

Исхрана

Овие мајмуни се хранат со инсекти, смола, семки и кореништа, што впрочем е посвојствено за помалите примати.[9]

Поврзано

Наводи

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 160. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=12100520.
  2. Kingdon, J., Butynski, T. M. & De Jong, Y. (2008). Erythrocebus patas. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 4 January 2009. (англиски)
  3. „Патас“. Зоо Скопје. конс. 23 јули 2015. Check date values in: |accessdate= (помош)
  4. Kingdon 1997, стр. 57–58
  5. Arsuaga & Ignacio 2006, стр. 18
  6. 6,0 6,1 Hall 1965, стр. 15–87
  7. Enstam & Isbell 2002.
  8. Isbell и др. 2009, стр. 103–124
  9. Isbell 1998, стр. 381–398

Литература

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Патас: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages
 src= Мало мајмунче  src= Поштење — друштвено поведение

Патас или гусарски мајмун (науч. Erythrocebus patas) — наземен мајмун од полусувите предели на Западна и дел од Источна Африка. Ова е единствениот вид од родот патаси (Erythrocebus). Последните филогенетски наоди покажуваат најблиско сродство со зелениот мајмун или „вервет“ (Chlorocebus aethiops), што укажува на потребата од прекласификација.

Ова животно може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages