Огроздна земјомерка (науч. Abraxas grossulariata) — молец од семејството на земјомерките (Geometridae) распространет ширум Палеарктикот (вклучувајќи ја Македонија) и Северна Америка. Наречен е по тоа што неговата гасеница се храни со листови од огрозд и рибизла. Видот прв го опишал шведскиот биолог Карл Линеј во X издание на Систем на природата од 1758 г.
Молецот има предни крила со должина од 18–25 мм. Шарите се впечатливи, со шест попречни низи од црни дамки на бела основа, со светложолт појас по средината и кај крилните почетоци. Задните крила се побледи, со помал број ситни дамки.
Ова е мошне значаен вид за ентомологијата поради разнообразноста на неговите облици. Испитувањето на овој вид довело до откривањето на половонаследните особини кај организмите.
Гасеницата на огроздната земјомерка се храни со листови од следниве видови растенија: