Резедов белец (Pontia edusa) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Резедовиот белец е мала пеперуга со распон на крилјата до 45 мм. Горниот дел на крилјата е бек со црни дамки на предните делови од крилјата. Долните делови имаат сивкаста боја.
Возрасните единки летаат од март до октомври[1][2] и може да има од две до четири генерации. Јајцата се полагаат единечно и имаат период на инкубација од седум дена. Во мај се појавуваат гасениците. Гасениците се сивкасто-зелени со жолти ленти.
Пеперугата се наоѓа во јужна и централна Европа, Близок Исток. Често мигрира и во западна Европа и Скандинавија.[2][3][4]
Оваа пеперуга може да се најде во отворени тревни површини, каменести и карпести предели. Живее на надморска висина до 2300 метри.[2]
Резедов белец (Pontia edusa) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци. Пеперугата ја има и во Македонија.