Пантерите (науч. Panthera) се род од фамилијата мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на подфамилијата големи мачки (Pantherinae). Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“[1].
Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки карактеристики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните карактеристики на гркланот[2].
Како поголемиот дел од фамилијата мачки, и родот Пантери бил тема на многу дебати и таксономски промени. База на родот се смета дека е изумрениот вид Viretailurus schaubi, кој понекогаш се смета и за ран член на родот Пума. Пантерите најверојатно се развиле во Азија, меѓутоа нивните корени сѐ уште се нејасни. Одделувањето на големите од другите мачки – Felinae се проценува помеѓу шест и десет милиони години[3]. Според фосилните остатоци одвојувањето на пантерите било пред само 2 до 3,8 милиони години[4].
Морфолошките и генетските истражувања укажуваат дека тигарот е првиот од денешните видови што се одвоил од лозата[5]. Снежниот леопард на почетокот бил ставен на основата на родот пантери, но новите молекуларни истражувања укажуваат дека тој треба да припаѓа на овој ред, па дури и дека постои можност да е сестрински вид на леопардот[5]. Поради ова, многу научници го ставаат во пантери[3][5][6], но се уште не постои консензус за тоа дали треба да остане во посебниот род Uncia [7][8], или треба да биде префрлен како Panthera uncia[3][5][9][6]. Преисториската мачка, која го носи името Европски јагуар (Panthera gombaszogensis) и најверојатно е доста блиска со денешниот јагуар, се смета дека за прв пат се појавила во денешна Оливола, Италија пред околу 1,6 милиони години.
Облачниот леопард (Neofelis nebulosa), од кој во 2007 година е одвоен посебниот вид Борнејски облачен леопард (Neofelis diardi), не е вклучен во родот Пантери[3][5][9][6].
Постојат многу подвидови на четирите вида пантери, сепак голем број од подвидовите на леопардот и лавот се дискутабилни. Неодамна било предложено дека сите субсахарски популации на леопарди всушност припаѓаат на истиот подвид на леопард, како и сите субсахарски популации на лавови кои припаѓаат на еден подвид. Овие тврдења се базираат на недоволните генетски разлики меѓу нив. Некои од предисториските лавовски подвидови се опишани по историски докази и фосили. Можно е овие да биле различни видови.
Црниот пантер не е посебен вид, туку само заедничко име за црните (меланистични) индивидуи од овој род, најчесто јагуари или леопарди.
Род пантери (Panthera)
Изумрените видови се означени со †
|accessdate=
(помош) |accessdate=
(помош) (англиски) Пантерите (науч. Panthera) се род од фамилијата мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на подфамилијата големи мачки (Pantherinae). Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“.
Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки карактеристики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните карактеристики на гркланот.