Алпскиот зајак спаѓа во класата цицачи, ред гризачи (RODENTIA). Тој уште е познат како Бел зајак[2], а негово латинско име е Lepus timidis L.
Во подрачјета на Северна Европа, каде што зимскиот период е долготраен и му оневозможува опстанок на обичниот зајак, таму живее посебен вид - бел зајак. На високите подрачја на Алпите преовладуваат слични карактеристики како и во Северна Европа, па се има развиено посебен вид на зајак, наречен алпски зајак. На овој вид единствено подрачје на неговото распространување го прави појасот на Алпите над 1.200 метри надморска височина.
Во летно време бојата ме е жолтеникаво-кафена, а во зима сосема бела, со црни петна на врвот од ушите. Ушите му се малку покуси отколку на обичниот див зајак, а во тежина е нешто полесен од него.
Исхраната му е прилично поскромна отколку на обичниот зајак, бидејќи алпската вегетација, до која во зимно време тешко може да допре, и во другиот дел од годината е мошне скудна.
Се пари во март или април, а женката носи 38 дена. Годишно женката се коти од два до три пати, а бројот на младите во едно легло изнесува 2-5.
Алпскиот зајак спаѓа во класата цицачи, ред гризачи (RODENTIA). Тој уште е познат како Бел зајак, а негово латинско име е Lepus timidis L.