Александров едрилец (Papilio alexanor) e пеперуга од семејството на Ластовичарки. Пеперугата ја има и во Македонија. Во одредени земји пеперугата има заштитен статус.
Пеперугата има распон на крилја од 62 до 70 мм. Возрасните единки летаат од април до јули со по една генерација. Пеперугата се наоѓа во високи планински предели на Европа и Азија.
Пеперугата е во основа жолтеникава со црни или темни сини линии. Куклата на пеперугата е сива.
Ларвите се хранат со растенијата: Trinia vulgaris, Seseli montanum, Ptychotis saxifraga и Opopanax chironium.[1]
Александров едрилец (Papilio alexanor) e пеперуга од семејството на Ластовичарки. Пеперугата ја има и во Македонија. Во одредени земји пеперугата има заштитен статус.