Благун или сладун (латински: Quercus pubescens) – вид даб што има благи лисја или благи желади[1][2]. Овадрво е од родот дабови, семејство Fagaceae. Претежно расте во јужна Европа и југозападна Азија.
Корењата се развиени и добро растат во каменита подлога.
Стеблото може да достигне и 20 м, покриено е пепелаво-сива кора, која има длабоки надолжни и попречни бразди.
Лисјата се светлозелени и мазни од страна на лицето и темнозелени со влакненца на опачината. Рабовите на лисјата се длабоко засечени, па има обли и широки запци.
Цветовите се еднополни. Женските цветови се јавуваат во групо до 2 до 5 или поединечно, а машките се собираат во реси. Плодовите (желадите) се тркалезни со пречник од околу 2 см.
На благунот му одговара субмедитеранска клима и плитки каменити тла.
Благун или сладун (латински: Quercus pubescens) – вид даб што има благи лисја или благи желади. Овадрво е од родот дабови, семејство Fagaceae. Претежно расте во јужна Европа и југозападна Азија.