Вресови (науч. Ericaceae) — семејство на цветни растенија кои не трпат базни (варовнички) почви (калцифугни растенија). Најпогодни за нивниот развиток се киселите (силикатни) почви. Многу добро познатите членови на ова семејство живеат во умерените региони, како што се боровинката, азалејата и рододендронот. Но, во ова семејство се среќаваат и доста тропски видови на растенија.[1]
Ericaceae се состои од тревести растенија, грмушки и дрвја со листови кои се најчесто последователни, прости и без прилисници и со хермафродитни цветови. Цветовите покажуваат значително разнообразие. Венечните ливчиња се најчесто споени (симпетални) со тесно-цевкаста, инковидна или чиниеста форма. Тие обично се радијално симетрични (актиноморфни), но многу цветови од родот Rhododendron се донекаде билатерално симетрични (зигоморфни).
Скорешните генетски истражувања од страна на APG резултираа во вклучување на претходно признаените семејства Empetraceae, Epacridaceae, Monotropaceae, Prionotaceae и Pyrolaceae во Ericaceae. Повеќето претставници од Ericaceae формираат ерикоидна микориза. Овој симбиотски однос се смета за неопходен во развитокот на единките.
Чашкините листови се 4-5, венечните најчесто 5. Прашниците се најчесто двојно повеќе на број отколку венечните ливчиња, а многу поретко во еднаков број со нив. Плодникот е обично натцветен и се развива во плод од типот на кутијка (Rhododendron, Erica, Calluna итн.) или во костелка (кај мечкиното уво). Кај некои родови плодникот е потцветен и се развива во бобинка (Vaccinium).
Ова семејство се состои од околу 126 родови и околу 4.000 видови. Потсемејствата се поделени на племиња; во следниот преглед се претставени потсемејствата во ова семејство, како и племињата:
Во следната табела е претставена целосната систематика на ова семејство според GRIN:[2]:
Вресови (науч. Ericaceae) — семејство на цветни растенија кои не трпат базни (варовнички) почви (калцифугни растенија). Најпогодни за нивниот развиток се киселите (силикатни) почви. Многу добро познатите членови на ова семејство живеат во умерените региони, како што се боровинката, азалејата и рододендронот. Но, во ова семејство се среќаваат и доста тропски видови на растенија.