Обертировата дебелоглавка (Pyrgus armoricanus) е пеперутка од семејството на пеперутки Дебелоглавки. Името на пеперугата поткенува од познатиот француски ентомолог Шарл Обертир, кој патем бил прв што ја опишал. Пеперугата ја има и во Македонија.
Подвидови на пеперугата се:[1]
Пеперугата може да се најде низ цела Европа, но почеста е во јужниот дел на континетот.[2] Исто така се наоѓа и во северозападна Африка. Овие пеперуги воглавно се среќаваат покрај сушни карпести предели до 1800 метри надморска висина.
Пеперугата има распон на крилја од 24–28 мм. Двете крилја имаат бел раб по должината на крилјата. Горната страна на предниот дел им темнокафеава боја со добро развиени бели ознаки. Долната страна на задните ленти има бледо црвеникаво-кафеава боја. Мажјаците и женките се слични по изглед.
Како и другите дебелоглавки, многу тешко е да се препознае во полето. Јајцата се жолтеникави и округли. Гасениците имаат силни и кратки влакна, кои се темнокафени.
Пеперутката лета од мај до јуни, а во јужните делови на Европа има и втора генерација во авгст и септември. Возрасните од втората генерација е помали од тие од првата. Јајцата се полагаат индивидуално на листови од растенија.
Ларвите се хранат со Potentilla tabernaemontani, Potentilla reptans, Potentilla arenaria, Potentilla pedata и Fragaria vesca.[1]