Лимонова трева Cymbopogon — повеќегодишно зелјесто растение[4][5][6][7] кое се користи во азиската (особено тајландската, комбоџиската и виетнамската кујна) и карипската кујна.
Лимоновата трева има вкус на лимон и може да се користи свежа, сува и во прав. За да биде вкусна, свежата лимонова трева треба да има сочна и здрава луковица и долги зелени листови. Се чисти исто како младиот кромид, а се користи за супи, салати, варива, за грил, сосови па и за слатки. Обично за јадење се користи долниот дел од стебленцето. Може да се користи и поголемиот дел од билката- целите листови и врвовите на листовите.Во вид на прав се додава во некои пијалаци и чаеви. Најчесто се користи во чаеви, супа, чорба, за јадења од живина, риба и морски плодови. Според вкусот одлично се сложува со чилито и лукот. Исто така, лимоновата трева претставува база за многу популарни пијалаци во Азија.
Лимоновата трева потекнува од тропските краишта на Јужна и Југоисточна Азија и Австралија. Поради големите можности за употреба, првенствено во исхраната, лимоновата трева често се одгледува, исто така, и во другите делови од светот, особено во САД. Оваа билка има околу 50 различни подвидови а се корстат само две. Источноиндиската лимонска трева (Cymbopogon flexuosus) расте во Индија, Шри Ланка, Бурма и Тајланд, додека западноиндиската лимонска трева (Cymbopogon citratus) се смета дека доаѓа од Малезија. Иако и двете се заменливи, C. citratus е посоодветен за готвење. Во Индија C. citratus се користи и како билка за парфеми.
Лимонова трева Cymbopogon — повеќегодишно зелјесто растение кое се користи во азиската (особено тајландската, комбоџиската и виетнамската кујна) и карипската кујна.