Булката, була или див афион (народно име и:тутенка) е едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони {Papaveraceae}.
Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.
За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго[1]. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично[1].
Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
Цвет на афион помеѓу цветови на булки
|accessdate=
(помош) Булката, була или див афион (народно име и:тутенка) е едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони {Papaveraceae}.