dcsimg

Брези ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Брезите (науч. Betulaceae) се фамилија што опфаќа шест родоа на листопадни дрвја и грмушки со плодови од типот на оревчиња. Тука припаѓаат евлата, брезата, габерот, лешникот, црниот габер и родот Ostryopsis, кои се вкупно 130 видови. Природно виреат во умерената северна хемисфера, но неколку видови достигнуваат и во јужната, и тоа на Андите во Јужна Америка.

Во минатото, фамилијата најчесто била поделена на две одделни фамилии, Betulaceae (Alnus, Betula) и Corylaceae (останати родови). Меѓутоа, според истражувањата на APG, овие фамилии се потфамилии во Betulaceae - Betuloideae и Coryloideae.

За најблиски сродници на брезоцветните се смета дека се претставниците од фамилијата Casuarinaceae.

Еволуција

Се мисли дека брезоцветните потекнуваат од крајот на Креда (пред околу 70 милиони години), од централна Кина. Во тој период, овој регион веројатно имал медитеранска клима како резултат на блискоста на морето Тетис, кое се простирало на делови од денешен Тибет и Ксинџијанг во раниот Терциер. Оваа теза наоѓа поткрепа и во тоа што сите шест родови и 52 видови се нативни за овој регион, а многу се ендемични. Веројатно сите шест рецентни родови дивергирале целосно во Олигоценот, со тоа што од сите родови во фамилијата (со исклучок на Ostryopsis) се пронајдени фосили кои датираат од пред 20 милиони години.

Општа градба и морфологија на генеративните органи

 src=
Листови и оревчиња од Corylus avellana (лешник).

Околуцветникот на брезоцветните растенија е прост, а може и да отсуствува. Цветовите се еднополни, со следните цветни формули: P2+2A2+2 (за машките цветови) и P2+2G-(2) (за женските цветови). Машките цветови се сраснати со пазувниот лист и најчесто се состојат од 2-4 прашници (многу ретко од 1) кои се со раздвоени антери. Женските цветови обично се изградени од два сраснати плодни листови. Плодникот е потцветен, со два анатропни семенови зачетоци.

Плодот е од типот на оревче. Кај брезата и евлата, оревчињата се сместени во пазувите на задрвенетите лушпи. Кај брезата оревчињата отпаѓаат за време на зреењето, додека кај евлата тие и понатаму остануваат во една шишарковидна структура. Оревчињата кај лешникот, габерот и црниот габер се обвиени со обвивка која настанала со сраснување на три прицветни (заштитни) листови. Оваа обвивка кај габерот служи како орган за летање со помош на ветрот, на кој начин и се распространуваат семињата.

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Брези: Brief Summary ( Macedonian )