Којотот е член на семејството кучиња (Canidae) и е сродник на домашното куче. Којотите живеат во Северна Америка и некои делови на Централна Америка. Можат да бидат организирани во мали групи, ама најчесто ловат сами. Којотите живеат помеѓу 6 и 10 години.
Којотот е еден од ретките животни кај кои постои тренд на зголемување на бројноста на популацијата. Којотите ги заземале сите живеалишта во Северна Америка, кои порано биле населени од волци, а зголемувањето на површината е потпомогнато од менувањето на природните живеалишта од страна на човекот. Густината на популацијата се движат од 0,01-0,09 единки/km² во зима на Јукон до 2, 3 единки/km² во текот на летото во Тексас.