Ракунот е животно сештојадец, ноќен месојадец, кој се карактеризира со бушава прстенеста опашка и црни образи.
Северноамериканскиот ракун (Lotor) има дебело тело, кратки нозе, истурена муцка и мали исправени уши. Тој е долг 75-90 см, вклучувајќи ја опашката од 25 см, тежок е 10 кг, а неговото густо, грубо крзно е челично сиво до црно. Нозете потсетуваат на тенки човечки раце. Ракуните јадат без'рбетници, глодари, жаби, бобинки, овошјеи плодови; во градовите тие одат на ѓубриштата. Претпочитаат шуми блиску до вода и обично живеат во шуплините на дрвјата. Ракунот што се храни со ракови (P. cancrivorus) од Јужна Америка е сличен, има погрубо крзно. [2]
Иако ракуните се ноќни животни тие понекогаш се активни и на ден како би ги искористиле достапните извори на храна. Исхраната им се состои од 40% Без’рбетници и 27% ’Рбетници. Иако во пролетта и раното лето во главно се хранат со инсекти, црви и други животни достапни рано во годината, повеќе сакаат овошје, пченка и ореви; тие се појавуваат доцна во летото и во есента и преставуваат богат извор на калории за сибрање масни наслаги за зимата.
Ракунот е животно сештојадец, ноќен месојадец, кој се карактеризира со бушава прстенеста опашка и црни образи.