Лама (науч. Lama glama) — домашно животно од Јужна Америка од фамилијата на Камили. Народите на Андите ја одгледуваат уште од најстари времиња за месото и поради нејзината полезност како товарно животно.
Возрасните единки се високи од 1,7-1,8 м (до темето) и тежат околу 130-200 кг. Кога ќе се роди, младенчето (наречено „крија“) тежи 9-14 кг. Ламата има животен век од 20–30 години, зависно од квалитетот на животот. Ова е мошне друштвено животно и живее во стада. Волната ѝ е мека и нема ланолин. Животното е прилично интелигентно, и учи прости задачи по неколку повторувања. Ако е натоварена со самар, ламата може да носи околу 25% до 30% од сопствената тежина долж 8-12 км.[1]
Поимот „лама“ потекнува од кечуанскиот јазик, а потоа влегол во шпанскиот како llama.[2]
Ламите потекнуваат од централните рамници на Северна Америка пред околу 40 милиони години. Во Јужна Америка се преселиле пред 3 милиони години. Кон крајот на последното ледено време (пред 10.000–12.000 години), сите видови од фамилијата Камили во Северна Америка изумреле.[1] Денес во Јужна Америка има 7 милиони лами и алпаки. Кон крајот на XX век, овие животни се донесени и во САД и Канада, каде денес има 158.000 лами и 100.000 алпаки.[3]
Овие животни имаат необичен циклус на размножување за нивната физичка големина. Женките овулираат со поттик. За време на парењето, женката испушта јајце клетка и честопати се оплодува од прв обид. Женките исто така немаат еструс (промени во периодот на парење).[4]
Како и кај луѓето, мажјаците и женките полово созреваат на различна возраст. Женките достигнуваат пубертет на 12 месеци, а мажјаците дури на возраст од 3 години.[5]
Ламите се парат во легната положба, што е необично за големо животно. Процесот трае подолго (20–45 минути), што е исто така необично за големите животни.
Бременост трае 11½ месеци (350 дена). Мајката не го лиже новороденчето, туку го трие со муцката и му хука. Ова се случува поради тоа што јазикот на ламата се издава само 0,5 см од устата.[6]
Овие животни имаат прилично голем избор на храна. Младите јадат похранлива храна поради помалиот капацитет на обработка на хранливите состојки [7]
Ако се одгледа исправно, ламата е дружељубива и пријатна. По природа е многу љубопитна и без проблем приоѓа на непознати луѓе. Меѓутоа, доколку во раната младост се навикне на пречеста дружба и хранење од шише, тогаш ламата се научува да ги гледа луѓето исто како другите лами и затоа многу тешко се контролира. Така доаѓа до епизоди на плукање, клоцање и борење со вратот. Ова е нормално во природната друштвена средина на ламите, бидејќи претставува начин на регулација на поредокот и статусот на единката.
Кога се уплашени или налутени, ламите мљацкаат со устата и ги спуштаат ушите наназад.
Ламите се користат и како чувари на овци бидејќи се мошне агилни и лесно воспоставуваат врска со стадото како нивен претпоставен.[8]
Во Македонија, група од машки и женски единки може да се видат во зоолошката градина во Скопје,[9] како и по разните фарми во земјата што ги одгледуваат.
Народот Моче често погребувал лами заедно со големците, за да го снабдат покојникот за задгробниот живот.[10] На керамичките статуетки од претколумбовскиот период на Перу, ламите се при прикажани мошне реалистично.
Инките ги користеле како единствено товарно животно, а потчинетите народи во царството имале долга традиција на нивно одгледување. Кај благородниците, ламата имала симболично значење и затоа биле погребувани со статуетки на лами.[11] Во Јужна Америка, ламата и денес е товарно животно, но се одгледува и поради волната и месото.[12]
Во времето на освојувањата, Шпанците користеле лами за пренесување на руда од рудниците во планинските предели.[13] Само рудниците во Потоси користеле 300.000 лами за пренос на ископаната руда. Со донесувањето на коњот, магарето и мазгата, важноста на ламата како товарно животно драстично се намалила.[14]
|date=
(помош) (англиски) |date=
(помош) |date=
(помош) |date=
(помош) |date=
(помош) |date=
(помош) |date=
(помош) |coauthors=
(помош); Check date values in: |date=
(помош); |coauthors=
requires |author=
(помош) |date=
(помош) |date=
(помош) Лама (науч. Lama glama) — домашно животно од Јужна Америка од фамилијата на Камили. Народите на Андите ја одгледуваат уште од најстари времиња за месото и поради нејзината полезност како товарно животно.
Возрасните единки се високи од 1,7-1,8 м (до темето) и тежат околу 130-200 кг. Кога ќе се роди, младенчето (наречено „крија“) тежи 9-14 кг. Ламата има животен век од 20–30 години, зависно од квалитетот на животот. Ова е мошне друштвено животно и живее во стада. Волната ѝ е мека и нема ланолин. Животното е прилично интелигентно, и учи прости задачи по неколку повторувања. Ако е натоварена со самар, ламата може да носи околу 25% до 30% од сопствената тежина долж 8-12 км.
Поимот „лама“ потекнува од кечуанскиот јазик, а потоа влегол во шпанскиот како llama.
Ламите потекнуваат од централните рамници на Северна Америка пред околу 40 милиони години. Во Јужна Америка се преселиле пред 3 милиони години. Кон крајот на последното ледено време (пред 10.000–12.000 години), сите видови од фамилијата Камили во Северна Америка изумреле. Денес во Јужна Америка има 7 милиони лами и алпаки. Кон крајот на XX век, овие животни се донесени и во САД и Канада, каде денес има 158.000 лами и 100.000 алпаки.