dcsimg

Обична штипалка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Обичната штипалка или Cobitis taenia е честа слатководна риба во Европа и Азија. Таа е типски вид на родот Cobitis (штипалки) и фамилијата Cobitidae.

Поседува издолжено, странично сплескано тело покриено со ситни крлушки. Има релативно висока глава во однос на телото. Устата е долна, месеста. Има три пара мустаќи, од кои два пара се поставени на врвот од устата. Телото на штипалката е со жолтопортокалова боја, а од горната страна е покриено со темносиви до црнокафеави флеки со различна големина. Бојата на стомачната страна е жолто-црвеникава. Очите се мали, по боја се жолтеникави и поставени високо над главата. Под секое око се наоѓа по еден трновиден израсток, кој на крајот се разгранува на два дела.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија